Како да живеете во сегашноста?

Како да живеете во сегашноста?

Дали ја забележувате контрадикторноста на животот? Кога сме на работа, постојано размислуваме за тоа како едвај чекаме да дојде одморот, а кога конечно имаме време да се одмориме, не можеме да се оттргнеме од мислите за тоа што нè чека кога ќе се вратиме на работа. Ова е само еден од многуте примери низ кои секојдневно минуваме, со кој јасно се гледа дека постојано сме свртени или кон иднината или кон минатото, притоа заборавајќи да живееме во сегашноста. Тоа е и причината поради која често пропуштаме прекрасни работи што се случуваат пред нас. Во продолжение следуваат неколку едноставни техники што можат да ви помогнат да научите како конечно да почнете да живеете во сегашноста и на тој начин да го зголемите задоволството од животот.

kako-da-zhiveete-vo-segashnosta

1. Слушајте активно

Со други зборови, ако некој ви зборува, обрнете му целосно внимание. Доколку редовно велите: „Те слушам, продолжи, само да одговорам на поракава“, вие не само што покажувате непочитување кон соговорникот, туку исто така и не умеете или не сакате да се фокусирате на тоа што ви се случува во моментот.

2. Префрлете ги мислите на лист хартија

Во моментот кога ќе сфатите дека сте преплавени со мисли и не знаете што попрво да направите, ниту пак каде се наоѓате, застанете и обидете се да ги запишете сите мисли што ви се вртат низ глава на лист хартија. На тој начин ќе ги визуализирате мислите и ќе можете да се ослободите од притисокот што ви го предизвикуваат во мозокот. Да не зборуваме и за фактот дека многу побрзо и полесно ќе најдете решение за тоа што ве мачи.

3. Гледајте на секој момент како шанса да направите нешто за себе

Во секој момент од животот ние имаме избор да бидеме или да не бидеме присутни. Така барем ни изгледа. На пример, вие не мора да ручате пред компјутерот, проверувајќи имејлови. Наместо тоа можете да излезете надвор, на отворено, далеку од компјутерот и навистина да владеете со своите моменти.

4. Бидете љубопитни

Обрнете внимание на сите нешта околу себе што најчесто ги земате здраво за готово. Обидете се барем на момент да го погледнете светот низ детски очи и нема да ја пропуштите неговата чудесност. Бидете сочувствителни, обрнете внимание и на луѓето околу себе. Сите овие нешта можат да ви донесат внатрешен мир, чувство на задоволство и исполнетост.

Прочитајте и зошто треба да живеете во моментот наместо многу да планирате?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар