Како да се вратите во форма после бременоста?

Нормално е секоја жена да качи некој килограм за време на бременоста. Но после породувањето, голем број жени имаат проблеми со вишокот килограми и не знаат како да се вратат во форма. Доколку и вие се наоѓате во ваква ситуација, од помош ќе ви бидат следниве 3 совети.

Како да се вратите во форма после бременоста?

1. Трите најважни фитнес правила

Иако е тешко да се одреди кои правила се најважни кога станува збор за фитнесот, сепак може да истакнат следниве 3:

  • Вежбајте поради вашето здравје, а изгледот нека ви биде на второ место.
  • Важен е континуитетот на вежбање. Немојте да се лажете дека после месец-два вежбање ќе имате совршено тело. Телото бара постојан тренинг.
  • Од голема важност е и здравата исхрана. Потрудете се да внесувате што е можно поздрави намирници, но тоа не значи дека некогаш не можете да изедете пица или нешто благо. Важното е да не претерувате. Создадете здрави навики и бидете истрајни со нив.

2. Тренинзи

Веројатно сте многу зафатени и немате време за вежбање, но обидете се 3-4 пати неделно да одвоите по 60 до 90 минути за вежбање. Можете да се обидете со трчање, кружен тренинг и комбинација од статични и динамични вежби. Исто така, од голема важност се и вежбите за флексибилност, па немојте да ги изоставете.

3. Во форма после породување

На телото треба да му дадете време, најмалку 6 недели, за да заздрави од породувањето. Доколку сте се породиле со царски рез, времето за одмор треба да биде и подолго. Поставете си реални цели и немојте да користите изговори дека не можете да одвоите ниту половина час за вежбање. Можете да го направите тоа, дури и со мало дете. Исхраната, како и секогаш, има главна улога. Доењето може да предизвика зголемена желба за храна, но не дозволувајте тоа да ви биде изговор за прејадување со нездрави намирници. Се разбира, секое тело е различно, па некои работи можеби нема да ви одговараат. Некои жени побрзо ќе ги постигнат посакуваните резултати, некои побавно. Најважното е да сакате да се вратите во форма и да не се откажувате.

Прочитајте ги и фактите што сите мајки треба да ги знаат за првите недели по породувањето.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар