Како да се ослободите од целулитот еднаш засекогаш?

Како да се ослободите од целулитот еднаш засекогаш?

Целулитот е многу непосакувана појава со која се соочуваат скоро сите девојки и жени во денешно време. Ако ги прашате овие жени што всушност претставува целулитот, ќе добиете одговор дека се работи за масни џебови заробени под кожата, влакна кои растат навнатре и разни други чудни одговори. Повеќето луѓе не знаат што претставува целулитот и од што е предизвикан. Всушност не постои такво нешто како целулит. Па како тогаш да се ослободиме од нешто што не постои?

Како да се ослободите од целулитот еднаш засекогаш?

Зборот целулит е паметно смислен пред неколку декади од страна на европски салон за убавина за да се опишат дупчињата, нерамните испакнатини и сенките кои се појавуваат на кожата во долниот дел од женското тело, најчесто на проблематичните места како бутовите, колковите, задникот и нозете.

Салоните за убавина направија голем профит рекламирајќи ги разните третмани за отстранување на целулитот, но ако веќе сте се обиделе со овие начини, знаете дека пасивното уживање на кревет додека машините „се борат“ со вашиот целулит всушност нема ефект. Еве што треба да знаете и правите за да постигнете резултати.

1. Не можете да се ослободите од целулитот протривајќи гелови, лосиони или други необични креми на проблематичните зони

Затоа, престанете да ги користите. Некои од нив дури можат да ви ја влошат состојбата. Каква е и да изберете, колку и да е скапа, антицелулитната крема не може да ви помогне бидејќи проблемот со целулитот е под кожата, а не на неа, така што единствен начин да се ослободите од него е да ги вратите во првобитната состојба атрофираните мускулни влакна директно под вашите зони зафатени со она што денес е познато како целулит.

Како да се ослободите од целулитот еднаш засекогаш?

2. Ризичните и скапи третмани можат да ја намалат само вашата банкарска сметка, а не и вашиот целулит

Дополнително, многу жени се жалат од страшните методи, како и од реални повреди.
Разните козметички услуги од ендермологија до боди врапинг се тотално неефективни кога станува збор за третирање на целулитот. Сè ова е само маркетинг за услуги кои не можат да си ги оправдаат ефектите.

3. Целулитот не се наследува генетски и не е невозможно да се отстрани штом еднаш го добиете

Затоа, не верувајте на овие чаршиски муабети ни за секунда. Алармантно е и што многу доктори веруваат во овие два мита и поттикнуваат ширење на овие измислици.

Точно дека може да се случи мајка и ќерка да имаат исти симптоми на кожата кои укажуваат на „присуство на целулит“, но тоа само значи дека и двете не нашле начин да ги подигнат, тонираат и зацврстат мускулните слоеви под нивната опуштена кожа.

4. Можете да се ослободите од целулитот, без разлика на вашата возраст или моментот кога сте почнале да го забележувате

Бидејќи целулитот е структурален проблем во мускулите, може да се поправи со едноставни и специјални движења на телото кои ги таргетираат местата зафатени со него.

Овие движења може да ги изведува секоја жена, без разлика на нејзината возраст или нејзината фитнес-состојба. Не е ниту важно дали целулитот настанал во тинејџерските години или се појавил по бременоста или по менопаузата. Тоа и понатаму е структурален проблем кој резултира од омекнати и нетонирани мускули под олабавената, нерамна кожа.

Како да се ослободите од целулитот еднаш засекогаш?

5. Единствениот докажан начин за перманентно ослободување од целулитот е преку серија едноставни, но специјално дизајнирани вежби наменети за долниот дел од телото

Овие вежби се фокусираат на подигнување, обликување и тонирање на мускулните слоеви така што тие нежно се прилепуваат кон површината на кожата, за да се врати мазниот, затегнат секси изглед, додека истовремено се согорува вишокот сало доколку го има. Овој бонус кој го добивате со согорување на вишокот масти е одличен бидејќи овозможува откривање на одличната фигура на телото и е одличен за вашиот здравствен профил.

Вежбите можете да ги вежбате дома, без потреба од специјална дополнителна опрема. Треба само да почнете и да бидете упорни. Ви нудиме една кратка и една подолга програма, но можете да продолжите со истражување и да изберете одреден сет вежби кои вам ќе ви одговараат и кои редовно ќе ги практикувате, но нивната цел мора да биде борба со целулитот. И покрај верувањето на многу жени, постои огромна разлика помеѓу вообичаените вежби за слабеење и вежбите кои се наменети за отстранување на целулитот.

Пуштете ги видеата и почнете уште денес. За две недели веќе ќе почнете да ги чувствувате резултатите, а за 3-4 недели, тие ќе бидат и добро видливи.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар