Како да се лакирате за вашиот маникир подолго да трае?

Како да се лакирате за вашиот маникир подолго да трае?

Обожавате да ги гледате вашите нокти налакирани, но мразите што за два-три дена лакот почнува да се лупи и морате повторно да се фаќате за работа? Решението за овој проблем е во правилното нанесување на лакот во неколку чекори. Прочитајте го четирите совети од британските познати стилисти за нокти, Енџ и Вернајс Вокер. Тие велат дека лакот за нокти може да изгледа добро дури до 10 дена по нанесувањето, доколку се следат овие неколку едноставни совети.

Како да се лакирате за вашиот маникир подолго да трае?

1. Започнете со специјален безбоен лак за основата

Првиот чекор кој треба да го направите пред да ги налакирате вашите нокти е да ги исполирате за да станат мазни и сјајни и убаво да ги истурпијате на врвовите. Потоа, ако имате остатоци од претходниот лак, со ацетон педантно избришете ги. Откако ноктите ќе ви бидат спремни за лакирање, нанесете еден слој специјален безбоен лак кој се користи како основа за лакирање, за подобро да се слепи лакот во боја кој ќе го нанесете потоа.

2. Нанесете лак и на врвовите од ноктите

Лакот нанесен на ноктите најпрво почнува да се лупи на врвовите. За да го спречите предвременото напукнување, нанесете лак и на врвот од ноктите, движејќи се со четкичката од едниот до другиот крај на ноктот. На овој начин, формирате заштитна обвивка и спречувате лакот да почне брзо да се лупи.

3. После два слоја лак во боја, нанесете безбоен лак

Откако ќе нанесете два слоја од лакот кој сте го избрале за вашиот денешен изглед, секогаш нанесувајте и еден слој безбоен лак, за да го „зацементирате“ маникирот на вашите нокти. После неколку дена, повторно нанесете безбоен лак, за да го вратите сјајот на бојата, а со тоа ќе го продолжите и животниот век на вашиот маникир за уште неколку дена.

4. Грижете се за вашите раце

Секогаш кога миете садови, перете алишта или рацете ви се во вода, употребувајте гумени ракавици. Исто така, избегнувајте да ги употребувате вашите раце како алати за работа, бидејќи тоа ќе доведе до неизбежно лупење на лакот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Смајли Reply

    1. Започнете со безбоен лак — грешно е ова. Не треба да се почнува со истиот лак со кој се завршува. Постојат специјални лакови направени за почеток, т.е пред лакирање во кои има витамини. А безбојниот лак се става на крај за да го заштити дизајнот. Инаку ако го ставиш на почеток може само да ги уништи ноктит.

    • Кафе пауза Reply

      На таков лак и се мисли. Но, во право си, веројатно би требало да го потенцираме тоа.

Остави коментар