Како да препознаете кои чевли се удобни без да ги пробате?

Како да препознаете кои чевли се удобни без да ги пробате?

Изгледот понекогаш знае да излаже. Дури и најубавите летни сандали може да ви предизвикаат најболни плускавци само по неколку часа носење. И најниските штикли може да направат да кривите од болка. Овие неколку трикови ќе ви помогнат веднаш да ги препознаете удобните чевли кои со сигурност нема да ве разочараат подоцна…

Како да препознаете кои чевли се удобни без да ги пробате?

Барајте чевли со дебела штикла

Колку што е подебела штиклата толку подобро ќе биде распределен притисокот на вашите стапала и ќе се чувствувате постабилно.

Обидете се да најдете чевли со пошироки ремчиња

Тие буквално ќе ги залепат вашите стапала во чевлите и ќе имате поголема стабилност додека одите или танцувате. Уште подобро е ако чевлите имаат ремче кај глуждот.

Одберете чевли со мек ѓон

Кога станува збор за високи потпетици, мекиот ѓон го намалува притисокот што инаку би го чувствувале на предниот дел од стапалото. Што се однесува до ниските чевли, мекиот ѓон ја дава потребната стабилност и удобност на табаните.

Секогаш одбирајте природни материјали

Антилоп кожата и обичната кожа ќе се обликува според формата на вашето стапало, што ќе ги намали шансите тоа да се лизга или да излегува од чевелот. Синтетичките материјали, од друга страна, пак, не се воопшто флексибилни и ги предизвикуваат најболните плускавци.

Проверете ја стабилноста

Ставете го чевелот на рамна површина и нежно турнете го со прстот. Ако се заклати или падне, тоа значи дека веројатно не е доволно цврст за да ви ја даде потребната рамнотежа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар