Како да одберете правилна четкичка за заби?

Како да одберете правилна четкичка за заби?

Можеби не можете да ја процените важноста на добрата орална хигиена, не само за здравјето на забите, туку и за целокупното здравје на вашето тело. Болеста на непцата е главен фактор за ризикот од развој на сериозни здравствени состојби, вклучувајќи болести на срцето и дијабетес.

kako-da-odberete-pravilna-chetkichka-za-zabi-kafepauza.mk

Примената и користењето на четката за заби е една од основните хигиенски задачи, па затоа е потребна редовна употреба за да се зачуваат забите и непцето здрави.

Првите четки за заби се појавиле во 1930 година и биле со најлонски влакна, па потрошувачите немале многу опции. Меѓутоа, сега е многу поразлично. Луѓето имаат голем избор на различни типови четки за заби, како што се четките за еднократна употреба, но и електричните четки.

Постојат одредени карактеристики според кои би требало да барате четка за заби, без разлика дали е рачна или на напојување.

Големина

Главата на четката за заби е многу важна и таа мора да има пристап кон целата усна шуплина. Иако постојат поголеми глави на четките за заби, сепак некои тешко достигнуваат до одредени места во устата. Затоа тие треба да се соодветно поставени или свитливи за да овозможат целосен пристап. Исто така треба да бидат едноставни за држење во рака.

Тврдост на влакната

Ако одите да купувате четка за заби, имате можност да одберете четка со меки, средни и тврди најлонски влакна. За повеќето луѓе, меките влакна се најудобни и најсигурен избор. Зависно од тоа колку цврсто ги миете забите, средните и тврдите влакна можат да нанесат штета на непцето, на површината на коренот и на глеѓта на забите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар