Како да одберете безбедни и нетоксични пластични шишиња и садови?

Како да одберете безбедни и нетоксични пластични шишиња и садови?

Нашето секојдневие е исполнето со користење пластични амбалажи. Некои пластични садови се безбедни, додека пак други може да бидат потенцијално опасни за вашето здравје. Погледнете во вашата кујна. Дали сте сигурни дека пластиката која се наоѓа таму не е отровна? За да го избегнете овој ризик, треба да се запознаете со различните видови пластики кои постојат на пазарот денес.

Што треба да проверите кога користите пластична амбалажа?

Сѐ што треба е да погледнете на дното на садот и да видите од кој материјал е направен. Пластиката е означена со броеви, од 1 до 7 и/или со букви кои го обележуваат хемискиот состав, како што е прикажано на сликата.

Што треба да проверите кога користите пластична амбалажа?

Подолу погледнете што означува секој од овие знаци.

Тип 1: PETE или PET

Пластиката PET е чиста, 100% се рециклира и најчесто се користи за пијалаци, средства за плакнење на устата, како и садови за во микробранова. Општо земено, оваа пластика се смета безбедна за чување храна и пијалаци, иако сепак потрошувачите треба да бидат претпазливи. Тие треба да се чуваат на собна температура, затоа што високите температури може да го зголемат нивото на хемискиот елемент антимон, што потенцијално е канцероген материјал. Правилно е да ја користите оваа пластика само еднаш, затоа што повторната употреба може да доведе до зголемување на бактериите.

Тип 2: HDPE или HDP

HDPE е потешка пластика од PET и има висок сооднос на јачина и густина. Овој вид пластика не е транспарентна, има боја и се користи за маркетинг, на пример шишиња за детергенти, кесиња за замрзнување и слично. Досега експертите не пронашле токсични хемикалии во нејзиниот состав. HDPE е безбедна за чување храна и пијалаци.

Тип 3: PVC или 3V

Пластиката PVC е потенцијално штетна за здравјето на луѓето. Таа се користи за правење пластична проѕирна фолија, како и некои играчки за деца и домашни миленици. Овој вид пластика содржи фталати кои може да бидат поврзани со репродуктивното здравје кај луѓето и животните, поради хемикалиите кои може да влијаат на производството на хормони. Исто така се поврзуваат и со тоа дека предизвикуваат астма кај децата.

Тип 4: LDPE

Пластиката LDPE е флексибилна и отпорна на растворување. Често се користи за замрзната храна, кеси за леб или ѓубре, a не е познато дека остава хемикалии во храната. Исто така таа може да се најде во картонските амбалажи на млекото, а неговото производство се смета за опасно, но во многу мала мера. Сепак, многу луѓе се чувствуваат подобро избегнувајќи го ова.

Што треба да проверите кога користите пластична амбалажа?

Тип 5: PP

Пластиката PP е потешка од другите пластики. Таа најчесто се користи кај шишињата за јогурт, медицинските садови, како и садовите за маргарин и путер. Оваа пластика може да се стави во микробранова и да достигне високи температури без да се топи. Ова значи дека оваа пластика е безбедна за чување храна и пијалаци.

Тип 6: PS

Стиропорот или PS е пластика која се користи за кутии за јајца, чаши за пиење и слично. Избегнувајте го овој материјал за чување храна и пијалаци. Оваа пластика не е безбедна кога ќе се загрее и испушта канцерогени хемикалии во храната. Таа се поврзува со зголемениот ризик од лимфом и леукемија, а исто така и со тумор на белите дробови кај лабораториските животни. Било откриено дека дури и топла вода и кафе кои се служат во чаши од стиропор, имаат зголемено ниво на стирен. Оваа пластика не треба да се користи за долгорочно чување.

Тип 7: PC или необележани

PC или необележаните пластики треба да ги избегнувате секогаш кога тоа е возможно. Оваа категорија се користи за да се опишат предметите направени од хемикалии кои не се наоѓаат во претходните шест видови. Таа е тешка и речиси нераскинлива пластика. Поликарбонатите содржат бисфенол А кој се топи во содржината на садот. Но и покрај нејзините опасности, таа најчесто се користи кај спортските и бебешките шишиња.

Читајте ги етикетите!

Пред да купите каква било пластика, трудете се да ги прочитате броевите и/или буквите кои се означени на дното од садот. Обидете се да ги избегнувате броевите 3, 6 и 7. Бидете внимателни со сите пластични садови и не дозволувајте им да се прегреат и не чувајте ја храната премногу долго. Секогаш кога можете, користете стаклени садови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар