Како да не ви замрзне автомобилот во текот на ноќта: Одлични трикови од искусни возачи

Не чекајте го утрото за да се справите со замрзнатиот автомобил. Животот ќе ви биде многу полесен ако однапред обратите внимание на некои работи и ако направите одредени потези што ќе го спречат тоа.

Како да не ви замрзне автомобилот во текот на ноќта: Одлични трикови од искусни возачи

Овие 8 одлични совети ќе ви помогнат да не ви замрзнат стаклото, вратите и бравите, а ќе ве насочат како да се справите со проблемот и ако се случи тоа.

1. Паркирајте на исток

Ако имате можност, секогаш паркирајте го автомобилот со предниот дел свртен кон исток. На тој начин, првите утрински сончеви зраци полека ќе го стопат мразот на ветробранското стакло.

2. Алкохол и сапун

Направете течност за одмрзнување стакло со која ќе го напрскате мразот. Во шише ставете 1 литар алкохол, 1 децилитар вода и 1 лажичка детергент за миење садови и добро протресете. Постои уште еден добар рецепт – во шише со пумпица ставете алкохол и вода во сооднос 2 : 1 (две третини алкохол и една третина вода).

3. Заштитете ги бравите од мрзнење

Најдобрата заштита е спреј наменет токму за тоа, а ако бравата е замрзната, загрејте го клучот со запалка и потоа ќе успеете да отклучите.

4. Не дозволувајте да замрзне вратата

Премачкајте ја гумата околу вратата од автомобилот со нешто мрсно. Тоа може да биде глицерин, вазелин, растително масло за јадење итн. Направете го тоа веднаш штом ќе излезете од возилото за следното утро да ја отворите вратата полесно.

5. Снајдете се

Ако сте излезени, а прозорците ви замрзнале и немате ни спреј, ни топла вода, ни стругалка, посегнете по кредитната картичка и изгребете го мразот. Отстранувањето на мразот ќе оди малку побавно, но по некое време ќе можете да влезете во автомобилот и да возите до дома.

6. Чорапи на бришачите

Ставете стари чорапи на бришачите за да не ги најдете следното утро залепени на замрзнатото стакло. Или, само подигнете ги да не стојат на стаклото и да не се залепат.

7. Заштита за ретровизори

Надворешните ретровизори на вашиот автомобил нема да замрзнат ако ставите пластични кеси на нив. Исто така, ретровизорите можете да ги завиткате со гумена лента.

8. Ставете картон на стаклото

Ова е одличен начин да спречите замрзнување на прозорците на вашиот автомобил кој возачите многу често го користат. Може да ставите и стара крпа наместо картон.

Внимание!

Никогаш не ставајте жешка вода на замрзнатите стакла бидејќи може да пукнат, особено ако претходно имале некое мало оштетување. Најдобро е на стаклото да нанесете млака вода со помош на крпа.

Можеби сакате да ги дознаете и овие 15 одлични совети за патување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар