Како да направите варено јајце со белката внатре, а жолчката однадвор?

Еден готвач од Јапонија, Јама Чаан, ни открива како да подготвиме јајце со жолчката одозгора. Во ова интересно и по малку бизарно видео, тој ни покажува како со помош на вртење на јајцето можеме да ги замениме неговите делови и да добиеме обратни бои. Причината поради која се случува ова е фактот што жолчката има поголема густина, па центрифугалните сили ја поместуваат кон надворешноста кога јајцето се врти. Токму затоа, доколку ви се здодеани варените јајца каде што белката секогаш ја обвиткува жолчката, тогаш дефинитивно би требало да обрнете внимание на овој луд рецепт.

Како да направите варено јајце со белката внатре, а жолчката однадвор?

Потребни состојки:
  • Јајце
  • Проѕирен селотејп
  • Батериска ламба
  • Пар хулахопки
  • Коцки мраз
Начин на подготовка:
  1. Погледнете ја бојата на јајцето со помош на батериската ламба.
  2. Поставете го селотејпот околу целата лушпа на јајцето за да остане цврста во процесот.
  3. Замотајте го јајцето во средината на хулахопките и прицврстете го убаво од двете страни.
  4. Вртете го во круг неколку минути така што ќе ги држите двата краја на хулахопките.
  5. Проверете ја бојата повторно, овој пат таа би требало да биде малку потемна од првиот пат.
  6. Извадете го јајцето од хулахопките и ставете го во зовриена вода без притоа да го вадите селотејпот.
  7. Откако ќе се свари, тргнете го јајцето од водата и ставете го во сад со мраз 1 минута.
  8. Излупете ја лушпата и би требало да имате обратно јајце. Доколку целото е жолто, обидете се повторно, но со повеќе вртење.

Науката позади овој феномен се крие во густината на жолчката во однос на белката. Кога го вртите брзо, густата жолчка се повлекува кон рабовите на јајцето преку центрифугалната сила, додека пак белката се потиснува кон центарот. Доколку долго време го вртите јајцето, тие две се одвојуваат, па токму затоа откако ќе се свари изгледа обратно. Но, ако не вртите доволно време, тогаш и жолчката и белката се спојуваат, па добивате инстант кајгана.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар