Како да љубите некој што не ја знае својата вредност?

Како да љубите некој што не ја знае својата вредност?

Потсетете ги колку многу ги сакате, дури и кога чувствувате како да не мора да им ги кажувате овие зборови. Верувајте, тие имаат потреба да ги чујат. Тие навистина треба да ги чујат вашите комплименти. Потребни им се потсетници дека не сте се одљубиле од нив. Исто така, постојано им е потребно уверување бидејќи тие се убедени дека кога-тогаш ќе ве изгубат, и само ги одбројуваат секундите додека тоа се претвори во реалност.

Кога ве туркаат од себе, бидете внимателни како реагирате. Ако навистина ги оттурнете и тие забележат дека се оддалечувате, веднаш ќе се затворат во себе. Но, ако не им дозволите да успеат и се „залепите“ за нив, тие ќе се чувствуваат сè поудобно и послободно покрај вас. Најдоброто нешто што можете да го направите за вашата врска е да останете трпеливи и постојано да ги охрабрувате да ја отворат својата душа, како и да им давате причини да ги споделуваат своите тајни со вас.

Кога љубите некого што не ја гледа својата вредност, малите нешта можат да станат навистина фрустрирачки. Ги гледате како со саати се обидуваат да се средат пред огледалото, и повторно не им се допаѓа тоа што е пред нив. Ги слушате постојано како се жалат дека нема да успеат и дека никогаш ништо не прават како што треба. Ги гледате како почнуваат да плачат, знаејќи дека не можете ништо да направите за да ги подобрите нештата.

Но, немојте да дозволите ова да допира до вас. Немојте да се нервирате кога тие ќе одбијат да излезат од домот затоа што имаат лоша фризура или затоа што не се чувствуваат доволно сигурно во облеката што си ја купиле. Не превртувајте со очите ако тие ви ги откријат своите најголеми стравови, притоа преувеличувајќи ги. Не им давајте причина да се чувствуваат како да не можат да ви веруваат, како да треба да ги чуваат своите демони за себе, бидејќи очигледно не можете да разберете низ што минуваат.

Кога љубите личност што не знае колку вреди, не можете да ја третирате на истиот начин како што таа самата се третира. Дури и покрај тоа што постојано ќе ви кажуваат колку си го мразат носот или стомакот, вие не смеете да се согласите. Не смеете да му дозволите на малиот глас во нивната глава да добие и екстерен преку вас, велејќи им постојано дека не се доволно добри. Вие никогаш не смеете да ги напаѓате, бидејќи тие доволно се напаѓаат себеси.

Тоа што можете да го направите е да ги натерате да се чувствуваат сакано преку зборови, комплименти и најразлични изненадувања. Никако не се обвинувајте себеси за нивните несигурности, но не ги обвинувајте ни нив за истите. Потребно е да бидете нивната најголема поддршка за да можат да се изборат со овој дел од себе. А тоа, верувајте, ќе се случи побрзо одошто мислите, затоа што кога ќе гледаат дека не планирате да ги напуштите, тие самите ќе посакаат да станат најдобрата верзија од себе. Тие самите ќе сакаат да се изборат со сите демони во себе.

Кога љубите некого што не ја знае својата вредност, вие мора да се надевате дека еден ден тие ќе почнат да се гледаат онака како што вие ги гледате нив – прекрасна и вредна личност што навистина сакате да е покрај вас!

Прочитајте ги и овие 10 потсетници за сите девојки што љубат со отворено срце!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар