Како да ја спасите вашата фризура со помош на овие 3 производи?

Најчесто нашата коса изгледа убаво само денот кога сме ја фенирале, а веднаш потоа бараме ластиче, бидејќи таа не е веќе тоа што била. Токму затоа решивме да споделиме со вас 3 производи со чија помош можете да ја направите вашата коса поубава и да го одложите нејзиното врзување, како и миењето на неколку дена.

1. Шампон за суво миење на косата

2-korisni-trikovi-kako-da-ja-spasite-vashata-frizura-so-pomosh-na-tri-proizvodi-www.kafepauza.mk_

Кај шампонот за суво миење на косата е многу важно како го нанесувате. Значи, тој не се прска туку така околу главата, туку се нанесува на косата директно. Најдобро е да ја поделите на делови, па потоа секој дел поединечно да го напрскате.

3-korisni-trikovi-kako-da-ja-spasite-vashata-frizura-so-pomosh-na-tri-proizvodi-www.kafepauza.mk_

Следниот чекор е масажа на темето со помош на рацете, што ќе ѝ даде волумен на косата, но и ќе му овозможи на производот да делува.

4-korisni-trikovi-kako-da-ja-spasite-vashata-frizura-so-pomosh-na-tri-proizvodi-www.kafepauza.mk_

2. Спреј за текстура на косата

5-korisni-trikovi-kako-da-ja-spasite-vashata-frizura-so-pomosh-na-tri-proizvodi-www.kafepauza.mk_

Спрејот за постигнување подобра текстура на косата нанесете го на средишниот дел, за производот сам да се спушти до краевите.

6-korisni-trikovi-kako-da-ja-spasite-vashata-frizura-so-pomosh-na-tri-proizvodi-www.kafepauza.mk_

Никако немојте премногу да го приближувате спрејот, бидејќи вашата коса ќе биде слепена.

7-korisni-trikovi-kako-da-ja-spasite-vashata-frizura-so-pomosh-na-tri-proizvodi-www.kafepauza.mk_

Откако ќе го нанесете спрејот, со рацете протресете ја косата за да добие на живост и волумен.

8-korisni-trikovi-kako-da-ja-spasite-vashata-frizura-so-pomosh-na-tri-proizvodi-www.kafepauza.mk_

3. Масло за нега на краевите на косата

9-korisni-trikovi-kako-da-ja-spasite-vashata-frizura-so-pomosh-na-tri-proizvodi-www.kafepauza.mk_

Сигурно ќе се сложите дека маслото за нега на косата е многу важен детаљ во вашата бања. Косата без него, едноставно не изгледа најдобро. Пред да го нанесете, потребно е да ставите неколку капки масло на дланката и да го загреете така што ќе ги протриете дланките. На овој начин маслото ќе биде повеќе делотворно.

10-korisni-trikovi-kako-da-ja-spasite-vashata-frizura-so-pomosh-na-tri-proizvodi-www.kafepauza.mk_

Следен чекор е да го нанесете маслото на косата, а тоа ќе го направите така што од средина на косата ќе ги провлечете рацете низ неа со двете дланки, сè до краевите. Доколку го нанесете маслото на коренот, веќе утредента повторно ќе морате да ја измиете косата. Исто така, водете сметка дека навистина сте нанеле неколку капки, бидејќи во спротивност вашата коса ќе изгледа замрсено.

11-korisni-trikovi-kako-da-ja-spasite-vashata-frizura-so-pomosh-na-tri-proizvodi-www.kafepauza.mk_

Следен пат кога ќе бидете на половина помеѓу две миења на косата, испробајте ги овие совети, а ние веруваме дека ќе бидете премногу задоволни од вашата фризура.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар