Како да ја подобрите фигурата на вашето тело пред одмор?

Уморни од работата и домашните обврски, често пронаоѓаме изговори да не ја посетиме теретаната. Ако ова ви се случува и вам, прочитајте ги следниве неколку корисни совети што ќе ви помогнат да ја подобрите вашата фигура пред да заминете на одмор без многу напор.

1kako-da-ja-podobrete-figurata-na-vashet

Мали „здрави“ оброци

Најголемите непријатели на витката фигура се брзите оброци на работата и домашните грицки. Често велиме дека се храниме здраво, но доколку внимателно ја погледнеме исхраната, брзо ќе забележиме дека не е така. Помеѓу главните оброци, често каснуваме нешто, но тоа не е сигурно парче сирење или домат. Тоа се често солени грицки, чипс или уште полошо, слатки. На тој начин оневозможуваме тежината да се намали.

Втората грешка што ја правиме е пиењето овошни и газираните сокови, кои се шеќерни бомби што го уништуваат ефектот дури и на најздравата исхрана. Наместо нив, најдобро е денот да се започне со шолја топла вода со лимон, која ќе ве освежи и ќе ви помогне во прочистувањето на организмот од токсини, притоа подобрувајќи го вашето здравје.

Качување по скали

Пристигнаа летните температури и немате снага да одите во теретана, а живеете на втори, петти кат или седми? Од денес цврсто одлучете да не го користите лифтот. Качувањето по скали ги зајакнува мускулите на задникот, како и мускулите на бутот, подобрувајќи го крвотокот и овозможувајќи согорување на многу калории.

Јаже за скокање

Во секојдневното брзање на работа и домa, често ни останува малку време да поминеме со семејството, да играме со децата и да им посветиме внимание. Од таа причина, се откажуваме од вежбањето со објаснување дека треба нешто да се скрати од времето. Грешка! Кој вели дека не може да се вежба додека се готви, или да се искомбинира работата со задоволството? Охрабрете ги децата и заедно скокајте на јаже. Не само што ќе ви ги врати детските спомени, туку ќе имате и одличен кардио тренинг.

Возење велосипед

Наместо да седите дома и да гледате филм, излезете со велосипедот. Возењето велосипед ја зголемува ефикасноста на респираторниот систем, ја подобрува циркулацијата, а притоа ги обликува и задникот и бутовите.

Пешачење

Заборавете ги сообраќајните гужви или стоењето во автобус и почнете да одите пешки од дома до работа. Пробајте да го практикувате ова што е можно повеќе. Бесплатно е, а ви овозможува да го зајакнете срцето, без да ги мачите зглобовите или `рбетот, и да ослабите.

Вишокот килограми нема магично да ги снема за само неколку дена или недели. Сепак, доколку и покрај напорните тренинзи сè уште не можете да ја достигнете идеалната фигура, размислете за купување костим за капење што е погоден за вашата форма и што ќе ги прикрие сите недостатоци и ќе направи да изгледате совршено. Сепак, одморот е време за опуштање и забава!

Имајќи го сè ова на ум, дали некогаш сте се запрашале колку навистина е важна здравата исхрана?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар