Како да го збогатите вашиот живот прифаќајќи ја едноставноста?

Модерното општество станува навистина комплексно. Брзиот напредок на технологијата, брзото живеење, преголемата изложеност на информации и бескрајните избори создаваат вистински товар во животот. Дури и наједноставните нешта, како гледањето филм или купувањето намирници нудат премногу опции.

Како да го збогатите вашиот живот прифаќајќи ја едноставноста?

Почнуваме да развиваме верување дека треба да имаме многу, а живеењето едноставен живот се гледа како чекор назад. Но, прифаќањето на едноставноста е навистина моќна животна промена. За да го поедноставите животот, не треба да се откажете од сите материјални нешта. Едноставноста може да биде навистина благородна, а да не значи жртвување, кога ќе ја прифатите со намера да созреете.

Ова поедноставување е многу повеќе од намалување на материјалните нешта. Можете да го поедноставите животот забавувајќи и давајќи си простор за дишење. Во продолжение погледнете како можете да го збогатите вашиот живот, така што ќе прифаќате помалку.

Благодарност и исполнување

Поедноставувањето нема да биде ефективно ако не знаете што ви е најважно во животот. Првиот чекор за отстранување на нештата што ви го одвлекуваат вниманието е откривање на вистинската желба на вашето срце. Штом го знаете ова, овие вредности ќе ги постават темелите на вашата едноставност.

Обидете се да ги идентификувате и да им се заблагодарите на нештата што веќе ги имате во животот – храна во фрижидерот, добро здравје, луѓе што ве сакаат… Како што ќе се зголеми вашата благодарност, ќе се намали вашата желба за комплексност.

Однадвор едноставност, однатре богатство

За да создадете трајна навика, постепено движете се кон едноставноста. Започнете со воведување дел во неделата на кој ќе се ослободите од социјалните мрежи и ќе минувате време во природа. Исто така, можете да одите на вечера со некоја сакана личност, без технологијата да ви го одвлекува вниманието. Одвојте време за свесно да откриете што ви е најзначајно и ова нека биде вашиот главен фокус.

Едноставноста е живот кој не е натрупан со вишок активности и материјални добра. Односно, однадвор покажете едноставност, за внатре да бидете богати.

Како што едноставноста ќе станува дел од вашиот живот, ќе се појават и некои предизвици. Ова ќе бидат моменти на отпор. Ќе почнат да се појавуваат желби кои ќе бараат сочувство кон себе, трпение и разбирање. Ќе има периоди кога сè ќе ви изгледа бесцелно, а комплексноста на животот ќе ја чувствувате повеќе од кога било.

Но, со посветеност и трпение, едноставноста ќе ви даде можност да го цените чудото на секој момент. Со текот на времето, убавината на вашето постоење ќе ви стане навистина јасна.

Прошетка во природа, топол оброк, прегратка од саканата личност – сите овие нешта ќе го исполнат вашиот живот, живот кој ќе биде едноставен однадвор, но збогатен однатре.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар