Како да го работите она што го сакате и да бидете платени за тоа?

Како да го работите она што го сакате и да бидете платени за тоа?

За повеќето луѓе, работењето она што го сакаат и добивањето пари за тоа не одат заедно. Најчесто, единственото што можеме да го направиме е да го поминеме слободното време правејќи го она што го сакаме како хоби, но да бидеме платени за тоа се смета за утопија.

Како да го работите она што го сакате и да бидете платени за тоа?

Денес постојат многу избори што ви се достапни, но сè уште мислите дека сте премногу ограничени, особено кога станува збор за заработување. Постојано сме бомбардирани со идејата дека со цел да бидеме успешни треба да работиме напорно и да правиме големи жртви. Покрај тоа, потребно е да се држиме до она за коешто сме работеле бидејќи некој глас ни кажува дека ова е најдоброто што можеме да го имаме, или уште полошо, дека можеме да го изгубиме.

Имајќи го ова на ум, не значи дека не треба да вложите енергија и посветеност во нешто што работите, но што ако во работата можете да додадете забава и радост? Што ако има и друга можност на која не сте помислиле? Погледнете како да ја откриете таа можност и како сонот да го направите реалност.

Превртување

Кои се нештата што ги правите лесно, што ви доаѓаат природно и што ги сработувате за многу кратко време? Спротивно на популарното верување, најверојатно овие нешта ќе ви донесат најмногу пари.

Проблемот е што не мора да вложувате многу енергија, време и труд за овие работи, па сметате дека ако можете да ги правите вие, можат и сите други. Не им придавате никаква вредност, па веднаш ги отфрлате како опција за заработување. Што ако во реалноста важи спротивното?

Бидете свои

Ако добро ги погледнете успешните луѓе ширум светот, ќе сфатите дека повеќето најверојатно се свои, го прават она што го сакаат, уживаат во она што го прават и го следат она за коешто знаат дека е возможно. Кога сте свои, сè си има доза радост и ентузијазам. Дури и ако правите нешто што обично одзема многу енергија и време, нешто што е стресно за другите, вам сепак може да ви биде забавно. Бидејќи овие обврски ги завршувате навистина брзо, на другите им изгледа невозможно да ги направат.

Покрај тоа, кога ќе заработувате правејќи го она што го сакате, ќе се чувствувате подобро во врска со себе и ќе му помогнете на вашето здравје.

Поставување прашања

Нешто што навистина ќе ви биде од помош е поставувањето прашања како: Што ме радува? Што ме прави среќен/на и возбуден/а? За што чувствувам ентузијазам? Што ја буди мојата креативност и што ми дава енергија?

Парите ја следат среќата

Можете да бидете добри во неколку нешта, но доколку не уживате во нив, веројатно нема да ви носат многу пари. Од друга, страна нешто коешто го гледате само како хоби може да стане одличен извор на приход, па дури и цел бизнис.

Што ако можете да заработувате толку многу пари правејќи го она што го сакате, така што ќе можете да платите некој друг да ги завршува обврските што не ви се допаѓаат? Ако го свртите овој концепт обратно, истото прашање може да се однесува и на вас.

Што ако откриете дека нешто што вам ви е забавно и лесно, му е всушност тешко, па дури и здодевно на некој друг? Можете да го правите наместо него и да заработувате од тоа. Постојат многу луѓе кои со радост би ви платиле да правите нешто што им е здодевно, а вам што ви причинува задоволство. Што ако одбирањето на нешто сосема поразлично е всушност првиот чекор кон вашиот живот од соништата?

Дознајте и дали треба вашето хоби да го претворите во кариера?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар