Како да го побарате (и да го добиете) она што го сакате?

Сите ние сакаме да го добиеме она што ни е по желба, всушност нашите животи се вртат околу добивањето на она што го сакаме, почнувајќи од промени на работното место и кариерата, па до љубовниот живот и семејството.

Иако често се фокусираме на она што го сакаме, дали како прво знаеме како да го побараме? Она што го сакаме го гледаме како битка која ја добиваш или губиш, наместо на тоа да гледаме како серија од компромиси и преговори, а тоа е можеби и најголемата грешка.

Како да го побарате (и да го добиете) она што го сакате?

На работното место клучно е да знаеме како да го побараме она што го сакаме и како да се потрудиме да го добиеме. Ова се 6-те техники кои секој мора да ги совлада.

1. Кажете си дека нема од што да се плашите освен од самиот страв

Што ако ме одбијат, што ако ме исмеат? Стравот од одбивање е најголемата причина зошто луѓето не го бараат она што го сакаат.

Стратегија: Пред да побарате што било, потсетете се на важноста да го добиете она што го сакате. Не се фокусирајте на тоа како ќе ве гледаат другите, туку на аргументите кои се на ваша страна. Фокусирајте се на тоа зошто ви е потребно она што го барате и зошто е тоа од важност не само за вас туку и за другите. Така многу од стравовите кои ве мачат ќе исчезнат.

2. Не заборавајте дека самодовербата и одлучноста се најважни

Најважни елементи во добивањето на она што го сакате се самодовербата и одлучноста. Доколку не верувате во себе и доколку не сте убедени колку ви е потребно она што го сакате не очекувајте некој друг да верува во вас. Доколку не настапите со став дека ќе ја освоите другата страна, не очекувајте некој да ги почитува вашите барања.

Стратегија: Каква било претерано емоционална реакција или забелешка од ваша страна, ќе ја натера другата страна да не го сфати проблемот или вас доволно сериозно. Како прво, сфатете дека не може сè да добиете од прва и дека постои можност да ве одбијат. Научете да се носите со каква било реакција со достоинство.

3. Организирајте си ги мислите

Ако не се искажете правилно, ако не знаете што сакате и ако другата страна не сфати што сакате, не очекувајте тоа да го добиете.

Стратегија: Едноставно напишете на ливче што сакате, кои се вашите барања и зошто, и како можете да ги презентирате. Не е на одмет да вежбате кажувајќи ги вашите барања. Многу е важно она што го сакате правилно да го презентирате. Во излагањето не скокајте од една на друга тема, не бегајте од рамката на планираното. Бидете концизни и јасни.

Како да го побарате (и да го добиете) она што го сакате?

4. Кога барате нешто, барајте од срце

Барањата секогаш се подобро примени ако се испратени од срце. Дозволете му на соговорникот да сфати дека нештото навистина ви значи. Вметнете доза топлина, блискост и лична поврзаност.

Стратегија: Кога ќе го водите овој важен разговор, како прво, изгледајте како да ви е удобно во сопствената кожа. Бидете слободни, во изразувањето и интонацијата не бидете монотони, а вашите гестикулации нека испраќаат порака на отвореност. Со ова не само што вие ќе бидете поопуштени, туку и на другата страна ѝ овозможувате пријатен разговор во кој лесно би се вклучила, и слободна, а не напната атмосфера.

5. Подгответе се за „не“

Дури и кога мислите дека сè правите како што треба, кога сте најподготвени и кога она што го барате е најнеопходно, може да слушнете „не“ како одговор. Бидете подготвени.

Стратегија: Не го губете трпението и не го сфаќајте како конечно „не“. Сфатете дека сè се случува со причина и дека ова одбивање е можеби само знак за да продолжите понатаму и во иднина да добиете поголемо „да“. „Не“ не значи секогаш „не“, можеби значи „обиди се повторно“.

6. Научете да бидете благодарни

Без разлика дали после разговорот ќе го добиете она што го сакате или не, научете да речете „благодарам“. Времето е скапоцено, заблагодарете се за тоа што некој издвоил време за вас.

Стратегија: Без разлика дали разговарате лице во лице или писмено, разговорот завршете го со „благодарам“. Тоа на соговорникот му дава до знаење дека има работа со зрела, културна и топла личност која знае да цени, па ќе ви ги остави вратите отворени и во иднина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар