Како да го отстраните мирисот на кромид од вашата уста?

Како да го отстраните мирисот на кромид од вашата уста?

Повеќето луѓе деновиве уживаат на богати трпези на кои задолжително има кромид. Но, ако после ручекот сакате да се најдете на пријателите, веројатно не сакате да им пречите со непријатен здив. Во таков случај применете некој од овие трикови.

kako-da-go-otstranite-mirisot-na-kromid-od-vashata-usta-kafepauza.mk-kafepauza.mk

1. Џвакајте магдонос или ливчиња нане.

2. Јадете морков, печурки или зачинете го оброкот со лимон. Овие три намирници добро делуваат против мирисот на кромид. Лимонот исто така е добар и за отстранување на мирисот на кромид од вашите раце. Истријте ги рацете со лимонов сок.

3. Ова можеби ќе ви изгледа смешно, но делува ефикасно. Во устата ставете лажичка сенф и жабуркајте околу 30 секунди. Потоа плукнете и земете уште една лажичка сенф и проголтајте.

4. Добро измијте ги забите, а особено јазикот. Употребете и конец за заби и на крајот задолжително пожабуркајте со вода за уста.

5. Пијте зелен чај. Тој е познат по тоа што ги неутрализира нуспојавите од кромидот кои се заслужни за интензивниот мирис. Исто така, пијте многу течности.

6. И за крај, бидете реални. Мирисот на кромид не е ништо страшно, без оглед на тоа што често претеруваме и го нарекуваме непријатен. Кромидот е здрава намирница која треба редовно да се конзумира и малку мириса, но тоа не треба да нѐ спречува да го јадеме.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Leo Reply

    NI-KA-KO

Остави коментар