Како да ги решите проблемите во својот живот според принципите на Ајнштајн?

Како да ги решите проблемите во својот живот според принципите на Ајнштајн?

Алберт Ајнштајн рекол:

„Ако имам 1 час за да решам некој проблем, ќе потрошам 55 минути на размислување за него, а 5 за тоа како да го решам.“

И бил во право. Наместо непотребното брзање и паника што побрзо да се реши проблемот, подобро е длабоко да вдишете и да се обидете да ја согледате ситуацијата. Имено, според неговите логички принципи, ако подобро го разберете проблемот – полесно и ќе го решите.

Како да ги решите проблемите во својот живот според принципите на Ајнштајн?

Сте забележале ли дека секогаш е полесно да дадете совет на некој друг, отколку на самите себе? Затоа, обидете се да замислите дека тоа не е ваш проблем и советувајте што треба да се преземе. Поделете го проблемот на помали целини и размислете за можните последици на секој чекор кој имате намера да го преземете, за да увидите дали тоа било добра одлука.

Важен е и начинот на кој си го претставувате проблемот, па секогаш внимавајте какви зборови користите за неговото опишување и решавање. На пример, доколку сакате да ја намалите или зголемите телесната тежина, наместо да велите дека ќе бидете поактивни, кажете дека ќе бидете поздрави, посреќни и поисполнети. Исто така, обидете се во текот на решавањето на проблемот да поставувате прашања, бидејќи така полесно ќе пронајдете одговори и ќе стигнете до целта. Човечкиот мозок не може да одолее на загатките и автоматски бара решение.

Добар трик е и имањето добра мотивација, односно наградувањето. На пример, доколку ве очекува тешка и напорна работна недела која мора да ја сработите во кое било сценарио, кажете си дека во недела ќе се почестите со некоја интересна забава во друштво со добри пријатели, или ќе одите на кино, во театар или што и да ви причинува задоволство. На тој начин ќе добиете мотивација да ги решите и другите проблеми кои го окупираат вашиот живот и ќе бидете подготвени да се соочите со новите обврски и задачи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар