Како да добиете сè што сакате... со 5 лесни чекори?

Како да добиете сè што сакате… со 5 лесни чекори?

За остварување на сите ваши желби не ви е потребно магично стапче, туку точно да ги знаете следните чекори коишто треба да ги преземете. Секој човек кој се наоѓа на одредена висока функција, знае колку е важно да се биде влијателен. Некогаш да се изврши влијание врз другите е вистински предизвик, но како и за сè останато, постои правилен и погрешен начин на којшто тоа се прави. Прочитајте неколку суптилни и ненаметливи начини на кои можете да влијаете врз луѓето и да ги реализирате вашите сништа.

(1) Како да добиете сè што сакате... со пет лесни чекори

1. Рационално убедување

Во работното опкружување еден од најдобрите и најефективните начини да се влијае врз некого е „рационалното убедување“ – смирен тон на разговор во којшто се набројуваат логични аргументи и факти кои треба да помогнат да се убеди спротивната страна. Оваа тактика можете да ја употребите во речиси сите аспекти од вашиот живот. На пример, доколку сакате со вашата девојка да заминете на патување во Њујорк, но таа повеќе сака да оди во Париз, седнете и разговарајте за можностите и предизвиците кои ги нуди Њујорк наспроти Париз.

2. Бои

Луѓето, исто како и повеќето животни, им даваат важност на боите и на она што тие го порачуваат. Грабливците во животинскиот свет ги користат боите за да ги разликуваат заканите, па така и луѓето, несвесно, добиваат одредени сигнали од различните бои. Постои нешто што се нарекува „стратегија на бои“ во маркетингот – мислење дека секоја боја емитува различни знаци. На пример, маркетинг компаниите многу често знаат да ја користат црвената боја, затоа што окото најбрзо ја забележува токму неа.

3. Избор на зборови

Ништо не е помоќно од јазикот, тој може да влијае на луѓето и на нивното дејствување. Секој јазик си има свои особености, поради што е многу важно луѓето добро да го познаваат својот јазик. Со паметна комбинација на зборови, нивна правилна употреба и интонација, можат да се отворат и „железни врати“.

4. Тон на гласот

Голем број истражувања покажуваат дека тонот на нечиј глас може да влијае врз останатите. Се чини дека подлабоките гласови се индикатори на поголемо ниво на тестостерон, а самото тоа упатува дека некоја личност е подоминантна. Резултатите од истражувањата покажуваат дека луѓето со подлабоки гласови се доживуваат како покомпетентни од останатите.

5. Манири

Секој сака да биде почитуван во работата, во друштвото и во семејството. Но, немојте да очекувате пофалби, доколку и вие не ги давате. Доколку не ги почитувате луѓето околу вас и не им упатувате искрени честитки и пофалби, тогаш вашето влијание ќе биде намалено. Ако сакате да остварите влијание врз одредена личност или средина, тогаш би било добро да знаете да кажете „Благодарам“ и „Ве молам“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар