Како да бидете добар колега?

Како да бидете добар колега?

Одржувањето на пријатна атмосфера на работа е од големо значење за вашето лично чувство на исполнетост и задоволство, а има влијание и врз постигнувањето на вашите успеси. Прочитајте неколку кратки совети за зацврстување на врската со колегите на работа, што воедно ќе направи да се чувствувате подобро во текот на тие 8 часа кои секојдневно ги поминувате на работното место.
.

Секое утро расположено кажете „Здраво“

Како да бидете добар колега?Доаѓате на работа со очите вперени во подот, рамениците спуштени долу и веднаш почнувате да работите? Ако е така, не е ни случајно што вашите колеги ве игнорираат (во најдобар случај) и ве избегнуваат (во најлош случај). Нека ви стане навика кажувањето „здраво“ на колегите, со тон на расположеност и среќа. Правете го тоа кога ќе дојдете на работа или кога ќе ви почне смената. Неверојатно е тоа колку малку пристојност е потребно за добри релации со колегите на работа.
.

Кратки разговори

Прашајте ги колегите за нивните интереси – омилената книга, филм, јадење, хоби. Покажувајќи интерес, ќе направите да им е пријатно зборувањето со вас. Овие кратки разговори правете ги за време на паузата, бидејќи во канцеларија е навистина непријатно. Правејќи ги овие разговори ќе ги потсетите колегите дека вие не сте само вработен или колега, туку и човек.
.

Прашајте за нивно мислење

Луѓето сакаат да бидат прашани за мислење, па затоа слободно прашајте: „Што мислиш дека му недостига на извештајот?“ или „Како ти би ја решил оваа ситуација?“. Потоа, заблагодарете се дури и ако идејата или предлогот не биле од голема помош.
.

Избегнувајте озборувања

Сигурно не сакате да зборуваат за вас позади грб. Затоа, не правете им го тоа на другите. Ако некој колега ви пријде и почне да ви раскажува љубовна романса од канцеларијата, вие само одговорете со прашањето „Навистина?“. Потоа, сменете ја темата на разговор или вратете се на тоа што сте го работеле. Ако не одговорите, озборувачот ќе продолжи да зборува, а така вие брзо ќе ја изгубите довербата кај другите колеги.
.

Разговор со комплициран колега = разговор со мало дете

Како да бидете добар колега?Ова е едноставна визуелизација која ќе ви помогне да останете прибрани. Кога мало дете поставува многу прашања кои понекогаш ви изгледаат чудни, вие пристојно му одговарате и не му викате со силен тон. Така, кога разговарате со ваш колега кој е малку комплициран, бидете присебни и прибрани. Сигурно не сакате колегите да ве гледаат како лесно се нервирате и гласно зборувате.
.

Не бидете себични со комплиментите

Како да бидете добар колега?Поделете некој комплимент за колега кој престанал да пуши, си ја уредил канцеларијата или направил некое достигнување на приватен или професионален план. Ова е затоа што многу почесто се  фокусираме на негативните нешта, отколку на позитивните. Неколку убави зборови на секого му ја топлат душата.
.

Пратете e-mail или одговорете на повик на време

За да ги придобиете колегите на работа како пријатели, добро е да почнете од основните добри манири. Нема ништо пофрустрирачки од неодговорена електронска порака, смс или телефонски повик. Тоа што вие не одговарате само ја отежнува работата и испраќа непријатна порака од вас кон нив која гласи: „Не си ми толку важен“ .
.

Вратете му на колегата со иста мерка

Како да бидете добар колега?Ако колегата завршил некоја важна работа за вас, убаво е да му вратите со иста мерка кога следниот пат ќе се појави ист или сличен случај.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар