Изобилство од раскош и перфекција: 7 бои што ќе ги обожаваме оваа есен!

Изобилство од раскош и перфекција: 7 бои што ќе ги обожаваме оваа есен!

Есента сама по себе асоцира на одреден тип бои, а тоа се оние потемните, поладни бои. Сепак, понекогаш можеме да си допуштиме и „излет“ во оние нежни, пролетни бои, само за инат на есента. Шега на страна, еве кои 7 сјајни нијанси ќе ги обожаваме во наредните месеци…

1-izobilstvo-od-raskosh-i-perfekcija-7-boi-koi-kje-gi-obozhavame-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

1. Кралско сина боја

Една од најотмените и најгламурозните нијанси на сината боја задолжително мора да се пронајде во вашиот гардеробер за оваа есен. Можете да изберете помеѓу кралско сината, но и помеѓу електрично сината и длабоко темните морски нијанси. Наш предлог е да пронајдете лелеав фустан или пак симпатичен капут во оваа боја кој ќе ви ги отвори сите врати, а вие со сигурност, нема да останете незабележани.

2-izobilstvo-od-raskosh-i-perfekcija-7-boi-koi-kje-gi-obozhavame-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

2. Мистериозна виолетова боја

Уште една типична есенска боја е виолетовата, која пак одлично се сложува со тегет, сината и црната боја… Доколку имате некое парче облека во оваа боја, тогаш ви гарантираме дека тоа е добра инвестиција за оваа сезона. Наш предлог е да ги комбинирате темно и светло виолетовите парчиња облека со темно сината боја, или пак во комбинација со виолетови додатоци, како што се чанта, капа, шал…

3-izobilstvo-od-raskosh-i-perfekcija-7-boi-koi-kje-gi-obozhavame-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

3. Сите нијанси на портокалова боја

Ако ја погледнеме природата во есен ќе забележиме дека портокаловата боја е најдоминантна. Затоа, слободно вклучете ја во вашите дневни комбинации и тоа во сите нијанси. Слободни сте да избирате од боја на мандарина, па сè до корал. Немојте никако да ја занемарите оваа боја во наредната сезона, бидејќи заедно во комбинација со белата, црната и беж боја ќе изгледа одлично.

4-izobilstvo-od-raskosh-i-perfekcija-7-boi-koi-kje-gi-obozhavame-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

4. Боја на црвено вино – марсала

Оваа популарна нијанса на темноцрвената боја, која се наоѓа на половина пат помеѓу виолетова и бордо, дефинитивно ќе го подигне вашиот изглед на едно повисоко ниво. Вие ќе изгледате атрактивно, женствено и модерно во кошули, џемпери или пак, со детали во оваа раскошна боја.

5-izobilstvo-od-raskosh-i-perfekcija-7-boi-koi-kje-gi-obozhavame-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

5. Аристократска темно сина боја

Доколку кралско сината нијанса е премногу впечатлива за вас, тогаш ви предложуваме да ги испробате сведените варијанти на сината боја како што се темно сина или пак, тегет. Оваа боја е совршена замена за црната, а сепак не е толку темна и во неа никогаш нема да изгледате обично и просечно. Крзно, антилоп или кожни предмети во темно сина боја ќе ви дадат самодоверба и еден аристократски изглед на вашата целокупна појава. Секоја нијанса на сина боја добро прилега со бела, портокалова и црна боја.

6-izobilstvo-od-raskosh-i-perfekcija-7-boi-koi-kje-gi-obozhavame-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

6. Розова боја со нежен бисерен ефект

Нежно розовите нијанси можеби се „резервирани“ за пролетта, но како што кажавме, понекогаш треба да ја разбиете монотонијата и да внесете малку ведрина во тмурните есенски денови. Оваа боја најчесто се поврзува со чувствителноста, нежноста и романтиката. Воопшто не плашете се дека ќе изгледате како мало девојче, бидејќи во комбинација со белата, темноцрвената, темнозелената, па дури и црната боја таа ќе се вклопи одлично. Секако, оваа боја ќе даде една доза женственост и елеганција во вашиот изглед.

7-izobilstvo-od-raskosh-i-perfekcija-7-boi-koi-kje-gi-obozhavame-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

7. Скапоцена темно смарагдна боја

Јаките сино-зелени бои и сите нивни нијанси кои се движат од смарагдно зелена, па сè до тиркизна, не може ништо да ги замени. Без разлика дали ќе се одлучите за капут, јакна или голема марама, воопшто нема да погрешите, бидејќи таа совршено ќе го „зачини“ вашиот сведен изглед во црни, бели или сиви нијанси.

8-izobilstvo-od-raskosh-i-perfekcija-7-boi-koi-kje-gi-obozhavame-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар