Изненадете го вашиот сакан: Торта во форма на срце која можете да ја направите без калап за печење

Се ближи денот на вљубените, а вие не знаете на кој начин да го изненадите вашиот сакан? Ако нè прашувате нас, ние би ви предложиле да го изненадите со нешто слатко и вкусно во кое ќе можете заеднички да уживате. На пример, тоа може да биде некоја торта или колач со омилениот вкус на вашиот сакан и секако, во форма на срце! Откријте како да направите торта во форма на срце доколку дома немате таков калап за печење со овој помош на овој лесен и едноставен трик.

1-iznenadete-go-vashiot-sakan-torta-vo-forma-na-srce-koja-mozhete-da-ja-napravite-bez-kalap-za-pechenje-www.kafepauza.mk_

Без калап за печење секако не може, но за овој колач ќе ви бидат потребни два – еден во форма на квадрат и еден во форма на круг. Она што е најважно е дека смесата за корите која ќе ја сипете во калапите треба да биде рамномерна. Откако ќе се испечат корите, тие треба да бидат со иста дебелина.

Втората работа на која треба да обрнете внимание е пречникот на кружниот калап да биде еднаков на страната на квадратниот калап. Тоа лесно ќе го проверите со помош на линијар или метро кое ќе го наместите точно по средината на кружниот калап, а потоа добиената мера ќе ја споредите со едната страна од квадратот. Доколку се поклопуваат, можете да продолжите понатаму!

Сипете ја смесата за корите во калапите и испечете ја по дадените упатства. Кората во форма на круг, пресечете ја точно на средина за да добиете два еднакви дела.

2-iznenadete-go-vashiot-sakan-torta-vo-forma-na-srce-koja-mozhete-da-ja-napravite-bez-kalap-za-pechenje-www.kafepauza.mk_

Квадратната кора завртете ја така што да добиете ромбоиден облик. Едната половина од кружната кора наместете ја на едната, а другата половина на другата страна од квадратната кора. Исто како што е прикажано на сликата подолу.

3-iznenadete-go-vashiot-sakan-torta-vo-forma-na-srce-koja-mozhete-da-ja-napravite-bez-kalap-za-pechenje-www.kafepauza.mk_

За да го забрзате овој процес, можете да се послужите со готови кори, но во тој случај многу материјал ќе фрлите при формирањето на кружната кора. Филувајте ги корите однатре, а на крај премачкајте ја кората од сите страни и декорирајте ја по сопствена желба.

4-iznenadete-go-vashiot-sakan-torta-vo-forma-na-srce-koja-mozhete-da-ja-napravite-bez-kalap-za-pechenje-www.kafepauza.mk_ 5-iznenadete-go-vashiot-sakan-torta-vo-forma-na-srce-koja-mozhete-da-ja-napravite-bez-kalap-za-pechenje-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар