Изгледајте и чувствувајте се попривлечно со помош на овие 5 мали трикови

Изгледајте и чувствувајте се попривлечно со помош на овие 5 мали трикови

И покрај популарното верување, привлечноста не е нужно поврзана со физичкиот изглед. Таа доаѓа однатре и нема никаква врска со тоа каква градба има некој или што носи. Кога е некој задоволен со самиот себе, и има висока самодоверба, тоа се гледа и однадвор, а токму тоа е и најголемата тајна на сите привлечни луѓе. За среќа, самодовербата може да се „истренира“, а ние ви откриваме 5 супер трикови кои ќе ви помогнат во тоа.

2-izgledajte-i-chuvstvuvajte-se-poprivlechno-so-pomosh-na-ovie-5-mali-trikovi-www.kafepauza.mk_

1. Насмејте се додека се гледате во огледало

Колку повеќе се смеете, толку ќе бидете посреќни. Тоа е и научно докажано во едно истражување од 2009 година кое било спроведено во Универзитетот во Кардиф. Нашиот мозок е програмиран да ја толкува смеата како знак за пристапност, социјализирање и привлечност, па дури и кога самите се гледате во огледалото.

2. Зборувајте сами со себе

Знаеме дека звучи лудо, но истражувањето кое во 2015 година било спроведено на Универзитетот во Илиноис открило дека успешните луѓе со голема самодоверба често зборуваат сами со себе пред некои големи настани. Исто како што би охрабриле некој од своите пријатели во тешка ситуација, така и кога се чувствувате лошо во сопствена кожа, обидете се на истиот начин да се охрабрите и самите себе.

3. Носете црвено

И птиците на гранките знаат дека не постои ниту една друга боја која толку добро им прилега на сите, а тоа го докажало и истражувањето од страна на Универзитетот во Рочестер. За среќа, црвената е најпопуларна боја и за оваа есен, па не само што ќе бидете модерни, туку и вашата самодоверба ќе летне до небото.

1-izgledajte-i-chuvstvuvajte-se-poprivlechno-so-pomosh-na-ovie-5-mali-trikovi-www.kafepauza.mk_

4. Држете се исправено

Правилното држење за момент ќе ве направи многу попривлечни, а добро ќе влијае и на здравјето на вашиот ‘рбет. Едно истражување спроведено од страна на Здружението на психолошки науки во 2010 година покажало дека постои директна поврзаност помеѓу исправеното стоење (и седење) и чувството на моќ и самодоверба.

5. Сетете се кога сте се чувствувале најпривлечно

Неодамнешно истражување објавено во журналот за експериментална социјална психологија открило дека само присетувањето на моментите кога сте се чувствувале добро во сопствената кожа, може моментално да го зголеми нивото на вашата самодоверба.

Не мора да изгледате како супермодел за да ги привлекувате другите, а психолозите ги открија7-те тајни за привлекување луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар