Истакнувањето на атрибутите не е тешко: Овие бои ќе ви помогнат во тоа!

Истакнувањето на атрибутите не е тешко: Овие бои ќе ви помогнат во тоа!

Изборот на гардеробата може да го истакне она најдоброто и да ги прекрие недостатоците, а освен кројот и моделот, тоа се однесува и на бојата. Гардеробата ја избирате според градбата, но и според приликата, па затоа нема исто да се облечете за на работа и за вечерно излегување. Сепак, некои бои се добри за сите прилики и за која било фигура, а комбинацијата на бои и ефектни детали, ќе помогнат да ги истакнете вашите предности.

0-istaknuvanjeto-na-atributite-ne-e-teshko-ovie-boi-kje-vi-pomognat-vo-toa-www.kafepauza.mk_

1. Црна

Идеална е за секоја прилика, а крупната фигура ја стеснува и намалува. Освен малиот црн фустан, потребно ви е и црно здолниште, кое визуелно ќе ги намали вашите колкови, во комбинација со светла кошула или блуза, која ќе го истакне вашиот горен дел. Црно и бело е класична комбинација, но и таа не мора да изгледа строго. Може да носите лелеаво бело здолниште и црна блуза, доколку сте со ситна градба, како и доколку сакате да го истакнете тенкиот струк или да го прекриете премногу нагласениот или рамен горен дел и премногу заоблените или ковчести колкови.

2-istaknuvanjeto-na-atributite-ne-e-teshko-ovie-boi-kje-vi-pomognat-vo-toa-www.kafepauza.mk_

2. Бела

Доколку сè на вас е бело, ќе делувате блескаво и сјајно, но и многу покрупно отколку што сте. Чисто белата не ги прикрива недостатоците, а доколку имате некои, комбинирајте ја оваа боја со други бои и детали кои ќе го привлечат вниманието.

3-istaknuvanjeto-na-atributite-ne-e-teshko-ovie-boi-kje-vi-pomognat-vo-toa-www.kafepauza.mk_

3. Розова и беж

Изборот на овие женствени бои, кои треба да ги ускладите со исто таква деликатна шминка, ќе помогне да изгледате свежо и нежно. Строгите и спортски линии ќе ви прилегаат ако сте слаби, а лежерните и лелеави изберете ги доколку сте покрупни.

4-istaknuvanjeto-na-atributite-ne-e-teshko-ovie-boi-kje-vi-pomognat-vo-toa-www.kafepauza.mk_

4. Црвена

Во бојата на страста и радоста, ќе бидете упадливи каде и да се појавите. Црвениот фустан е многу попредизвикувачки и повпечатлив од црниот, но за разлика од црната боја, во која може да биде секое дневно парче на вас, доколку истите тие се во црвена боја, нема да изгледате добро. Црвената боја комбинирајте ја со други бои, а водете сметка и за нијансите. Темно црвената или бордото визуелно ја стеснуваат фигурата исто како црната боја.

5-istaknuvanjeto-na-atributite-ne-e-teshko-ovie-boi-kje-vi-pomognat-vo-toa-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар