Искрено писмо на една девојка: Зошто не го задоволувам мојот партнер таму долу?

Ова е отворено писмо на една девојка по име Мелани, којашто е во 4-годишна љубовна врска со своето момче и сака да ги урне стереотипите, за тоа што „мора“ или што „не треба“ да прави во својот сексуален живот. Таа сосема искрено го споделила својот став на Интернет, околу оралното задоволување на мажите, објаснувајќи зошто таа никогаш не го прави тоа и колку ја нервира тоа што треба да се правда околу својата одлука.

Искрено писмо на една девојка: Зошто не го задоволувам мојот партнер таму долу?

Зошто не го задоволувам орално моето момче? Од едноставна причина, што тоа го сметам за нешто одвратно. Го сакам моето момче и уживам во нашиот сексуален однос, но нема да го ставам неговиот пенис во мојата уста, бидејќи тоа ми е грозно. Зошто во текот на сексот, би требала да правам нешто што не ми се допаѓа? Дури и да го правам тоа само заради него, во име на љубовта, верувам дека и самиот тој ќе забележи дека тоа не ми е воопшто забавно и пријатно, па истовремено нема да биде забавно и возбудливо ни за него.

Знам дека девојките во неговите поранешни врски го задоволувале орално и дека нему му се допаѓа тоа. Честопати сме разговарале на оваа тема, но му имам објаснето дека тоа ми е одвратно и тој е сосема океј со мојата одлука. Секако дека практикуваме „нормални“ сексуални односи и да, тој мене ме задоволува орално, но тоа не значи дека морам да му се реванширам на ист начин.

Честопати, пријателките со коишто разговарам на оваа тема, ме прашуваат дали се плашам дека моето момче ќе го побара она што не го добива од мене на друго место? Секако, дека веќе сум размислувала за тоа. Но, доволно го познавам и го сакам и знам дека тој не би го направил тоа. Ако баш не може никако да живее без орален секс, тогаш јас лично ќе му платам „професионалка“ да му го пружи тоа задоволство. И на оваа тема имаме разговарано. Мене тоа би ми било сосема во ред, бидејќи сум свесна дека никакви емоции не се вклучени во тоа.

Сметам дека ниедна жена не би требала со сила да прави работи во спалната коишто не ѝ се допаѓаат, само за да го задоволи партнерот. Ова важи и за оралниот секс. Сè додека играме со отворени карти и другиот знае во што се впушта, значи е сосема во ред. Од друга страна, ако мажот поради такво нешто сака да ја прекине врската, тогаш тој дефинитивно не е вистинскиот за вас.

Прочитајте и зошто некои девојки мразат орален секс?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар