И совршените девојки имаат свои несигурности

И совршените девојки имаат свои несигурности

И девојките што изгледаат совршено, што изгледаат како целиот живот да им е среден, се справуваат со свои тајни несигурности. Само затоа што секој ден успеваат да изгледаат беспрекорно кога ќе излезат од својот дом, не значи и дека им се допаѓа тоа што го гледаат во огледалото. Само затоа што нивното момче споделува нивни фотографии на социјалните мрежи, не значи дека тие се имуни на осаменост. Само затоа што имаат кариера од соништата, не значи и дека се сметаат себеси за успешни.

i-sovrshenite-devojki-imaat-svoi-nesigurnosti-www.kafepauza.mk1

И овие девојки трошат повеќе пари одошто би требало на шминка и облека за да се чувствуваат подобро во својата кожа. И тие имале желба да откажат средба со пријателите или да не одат на работа затоа што се чувствувале депресивно. И тие побарале од блиските да тргнат некоја фотографија од социјалните мрежи затоа што не им се допаѓало како изгледаат на неа. И нивното срце било скршено од тага или загуба…

Кога ги гледате овие девојки во јавноста, можеби изгледаат како да знаат што прават, но однатре и тие се борат. И тие имаат сомнежи за патот по кој се движат и се преиспитуваат постојано за секоја донесена одлука. Но не можете ова да го забележите бидејќи тие се добро истренирани да се смеат кога другите се смеат, постојано да изгледаат среќно и весело, и да се однесуваат како да се задоволни со сè што се случува во светот. Сепак, кога ќе се вратат дома, и ќе легнат во својот топол кревет, и тие имаат стравови, исто како и сите ние.

Пред да заспијат, тие се потсетуваат на сите срамни моменти во нивната глава. Се грижат за тоа што доаѓа утре. Минуваат низ најлошите сценарија. Се борат со љубовта кон себе и не разбираат колку се ценети, колку е голема нивната вредност. Не ја гледаат убавината во себе што сите други ги маѓепсува. Им дозволуваат на несигурностите да ги изедат живи.

Вистината е дека совршени девојки не постојат. Тие можеби изгледаат совршено, но далеку се од тоа. Единствената разлика меѓу нив и другите луѓе е нивната способност да ги скријат своите несигурности.

Се сметате за добра девојка? Еве како тоа ви штети на вашиот живот!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар