Хранливи и полни со витамини: Палачинките од хелда се совршен избор за појадок

Хранливи и полни со витамини: Палачинките од хелда се совршен избор за појадок

Овие палачинки се различни од оние на кои сте навикнати, а главен адут им е хранливоста.

Хранливи и полни со витамини: Палачинките од хелда се совршен избор за појадок

Потребни состојки:

  • 250 грама брашно од хелда
  • 10 грама сол
  • 2 јајца
  • 600 милилитри филтрирана вода
  • 2 лажички маслиново масло

Начин на подготовка:

Измешајте ги брашното, солта и јајцата, а потоа полека истурете ја водата за да добиете хомогена смеса. Потоа, додајте го маслиновото масло. Загрејте го тавчето за палачинки и намачкајте го со малку масло или путер. Полека турете ја смесата на дното, почекајте да започне да се одделува од страните, а потоа свртете ја да се пече и од другата страна. Продолжете додека не ја искористите целата смеса, ставете фил по вкус и уживајте.

Ако ги подготвивте палачинките претходниот ден и сакате да ги послужите топли, прво наполнете ги по желба, на пример со сирење, а потоа наредете ги на тава за да се стоплат. Некои од најдобрите комбинации се оние со шунка, сирење, јајца или печурки.

Погледнете го овој рецепт за вкусни бомбици кои ќе ги воодушеват сите чокохоличари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар