Хит септемвриски десерт: Печени сливи

Вкусен десерт од сезонско овошје коj можете да го збогатите по ваш вкус

Хит септемвриски десерт: Печени сливи

Потребни состојки:
  • Сливи
  • Кафеав шеќер
  • Ѕвезда анасон или цимет
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Одберете сад за печење во кој ќе можете во еден ред да ги поставите сливите пресечени на половина и обложете го со хартија за печење. Измијте ги сливите, па исушете ги и исчистете ги од семките. Исечете ги на половина и во садот за печење поставете ги со внатрешната страна кон горе. Сипете врз нив кафеав шеќер и анасон или цимет.

Печете од 15 до 20 минути (готови се кога нивниот надворешен слој ќе омекне на рабовите, а парчињата ќе бидат целосно загреани. Оставете ги да отстојат барем 5 минути пред да ги извадите од садот, а потоа извадете ги парчињата анасон, доколку сте ги употребиле. Послужете го овој десерт со сладолед од ванила, шлаг пена, младо сирење или грчки јогурт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар