Грижа за вашето здравје: Храна што го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето на калориите

Сето она што ќе го изедеме и испиеме во текот на нашиот живот минува низ нашиот црн дроб. Токму заради тоа овој орган ги трпи и впива сите наши лоши прехранбени навики и со својата работа ни го штити телото. Доколку сакате да направите нешто добро за своето тело, а со тоа и за вашиот црн дроб, тогаш дознајте како да го одржувате здрав и со што темелно да го исчистите.

1-10-namirnici-koi-go-chistat-crniot-drob-i-go-zabrzuvaat-sogoruvanjeto-na-kaloriite-www.kafepauza.mk_

Мрсната и пржена храна, нездравите пијалаци, алкохолот и лековите се главните непријатели на нашиот црн дроб кој во телото има функција на филтер кој го чисти организмот од штетните состојки. Но, токму заради тешката работа која ја извршува, црниот дроб може да биде многу оптоварен со што може да се предизвикаат разни здравствени проблеми. Со оглед на тоа дека црниот дроб не е поврзан со нашиот нервен систем, доколку тој заболи нема да ви предизвика болка, па токму поради таа причина е многу тешко да се открие болеста. Но, добрата вест е тоа што црниот дроб редовно се регенерира и скоро секоја штета може да се поправи.

Храна што го прочистува црниот дроб

Лук – го поттикнува создавањето на ензими кои му помагаат на телото да ги исфрли токсините.

Цитруси – богати со витамин Ц, цитрусите се силен антиоксиданс кои му помагаат на црниот дроб побрзо да ги апсорбира штетните состојки.

Цвекло и морков – двете се богати со флавоноиди и бета каротин. Го стимулираат црниот дроб и ја подобруваат неговата работа.

Зелен чај – состојката кетхин со која е збогатен овој чај е силен антиоксиданс што го чисти организмот.

Зелен лиснат зеленчук – спанаќот, кељот, блитвата и марулата се преполни со хлорофил, односно се премногу ефикасни за неутрализација и исфрлање на токсините од крвниот систем.

2-10-namirnici-koi-go-chistat-crniot-drob-i-go-zabrzuvaat-sogoruvanjeto-na-kaloriite-www.kafepauza.mk_

Ананас – преполн е со витамин Ц и делува како природен диуретик кој го ослободува телото од токсини.

Мента – листовите нане се богати со флавоноиди кои делуваат како силен антиоксиданс.

Ѓумбир – многу силен антиоксиданс кој го забрзува метаболизмот и помага при исфрлање на маснотиите од телото.

Ореви – содржат голема количина на омега-3 масни киселини и аминокиселини кои го забрзуваат процесот на детоксикација.

Зелка – исто како брокулата и карфиолот, зелката силно делува на ензимите на црниот дроб кои ја регулираат и ја забрзуваат неговата работа.

Исто така, добро е да знаете што најмногу го уништува црниот дроб, а со што можете да го обновите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар