Енергетските пијалаци не ја зголемуваат продуктивноста

Енергетските пијалаци не ја зголемуваат продуктивноста

Најчесто енергетските пијалаци се рекламираат како одлично решение за моментите кога сте без енергија, па не е ни чудно што младите ги консумираат навистина често. Но, ова е лоша навика.

Енергетските пијалаци не ја зголемуваат продуктивноста

Германското здружение на педијатари истакнало дека енергетските пијалаци нема да им ја зголемат продуктивноста на луѓето. Напротив, менталните и физичките способности се влошени по консумирањето на овие пијалаци.

Енергетските пијалаци се безалкохолен пијалак кој е рекламиран како средство за зголемување на нивото на енергија. Според некои истражувања, овие пијалаци на краток период можат да ги подобрат менталните и когнитивните способности, будноста и физичката издржливост, но важно е да се cпомене дека оваа енергија не е од согорување калории, туку од стимулансите и витамините во пијалакот.

За да се подобрат менталните и физичките способности на една личност, потребно е да се прошират артериите за да стигне повеќе крв до мозокот, срцето и мускулите. Енергетските пијалаци го прават спротивното – ги стеснуваат артериите.

Во САД една од најчестите причини поради која тинејџерите завршуваат во брза помош се несаканите ефекти од енергетските пијалаци. Откако ќе го испие пијалакот, личноста може да се чувствува поведро и посилно, но кога ќе помине ефектот, заморот, несоницата и апатијата се уште поизразени.

Исто така енергетските пијалаци го стимулираат организмот да лачи повеќе хормони кои го регулираат нивото на стрес, па како резултат се зголемува крвниот притисок и бројот на удари на срцето.

Покрај краткотрајните ефекти, долгорочната консумација на енергетските пијалаци го зголемува ризикот од дебелина и дијабетес поради високото количество на шеќер. Поради ова младите би требало да ги избегнуваат енергетските пијалаци и никогаш да не пијат повеќе од една лименка дневно.

Тинејџерите кои се соочени и со најмали проблеми во растот и имаат проблеми со циркулацијата треба да бидат особено внимателни со овие пијалаци.

Погледнете и зошто никогаш не треба да мешате алкохол со енергетски пијалаци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар