Експертите тврдат дека ако вие и вашиот партнер ја имате оваа особина, совршени сте еден за друг!

Експертите тврдат дека ако вие и вашиот партнер ја имате оваа особина, совршени сте еден за друг!

Што мислите, која е тајната состојка за цврста врска? Доверба? Лојалност? Или пак, можеби исти интереси за серии на Нетфликс? Ако ги прашате повеќето луѓе, тие ќе ви дадат најразлични одговори, од почит и љубов, до поддршка и разбирање. Но експертите тврдат дека ниту една од овие карактеристики не се точниот одговор на прашањето. Па, за што тогаш станува збор?


Експертите тврдат дека ако вие и вашиот партнер ја имате оваа особина, совршени сте еден за друг!

Џејмс Прис, познат и како гуруто за љубовни состаноци, тврди дека тајната за силна и неверојатна врска е делењето иста смисла за хумор. Ако добро размислите, ова има логика, бидејќи наоѓањето хумор во истите нешта може да доведе до неверојатни ефекти, како на пример, поголема среќа, добросостојба и поврзување меѓу партнерите. Тој вели:

„Кога сте на исто рамниште во однос на хуморот, вие можете да ги видите смешните страни на скоро сите ситуации низ кои заедно минувате и најчесто ќе бидете многу порелаксирани во однос на тоа што животот ќе го фрли на вашиот пат. Сите аргументи можат да бидат разрешени ако се цените повеќе, а истата смисла за хумор токму тоа и го постигнува.“

За подобро да објасни, Прис го воведува терминот хумор за поврзување, што вклучува создавање конекција така што се наоѓа заедничко гледиште, споделување приказни и зближување со помош на смешните животни анегдоти.

„Кога двајцата можете да се смеете за истите нешта, тогаш вие природно ќе се поврзете и ќе бидете посилни како пар“, објаснува Пирс. „Од друга страна пак демонстрирањето хумор е знак за висока интелигенција, која исто така е уште атрактивна карактеристика.“

Ако ви требаат уште докази за тоа колку е значајно да се има заедничка смисла за хумор, Пирс не е единствениот експерт што го има ова мислење.

Извршниот директор на популарниот веб-сајт за запознавање и состанување eHarmony, Грант Лангстон, се согласува дека истата смисла за хумор е број еден карактеристика што луѓето ја бараат кај своите долготрајни партнери.

Всушност, за сите оние што сакаат да го тестираат својот хумор и споредат со оној на партнерот, eHarmony направиле совршен тест! Па ако сте расположени за тестирање на долготрајноста на вашата врска, отворете си вино и направете го овој тест со вашиот партнер! Што е најлошото нешто што може да се случи?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар