Експертите откриваат: Што се случува со вашето тело кога навистина ви се допаѓа некој?

Првиот знак дека ви е допаѓа некој е нервозата која ја чувствувате во негова близина. Испотени дланки, пеперутки во стомакот, забрзано чукање на срцето, па дури и анксиозност се знаци дека некој ви се допаѓа. Но како да знаете дали овие физички симптоми потекнуваат од страст или од несигурност?

Експертите откриваат: Што се случува со вашето тело кога навистина ви се допаѓа некој?

Разбирањето на комбинацијата од сигнали кои доаѓаат од вашите глава и срце ќе ви помогне да сфатите дали навистина сакате да бидете со некого или пак само сте привлечени од начинот на кој тој/таа прави да се чувствувате. Погледнете ги знаците кои јасно покажуваат дека некој навистина ви се допаѓа.

1. Го сакате нивниот мирис

Според Лиса Хошбергер, сексолог и експерт за врски, ако ви се допаѓа начинот на кој мириса некој, вашите феромони ве поддржуваат. Феромоните се супстанцата која животните, вклучувајќи ги и луѓето, ја лачат за да комуницираат едни со други.

„Ако почувствувате мирис кој не ви се допаѓа, тоа значи дека не сте привлечени од ферoмоните на таа личност. Ако забележите арома која е нешто што не го сакате, тоа може да е поврзано со вашата способност да бидете со личноста физички.“

Феромоните им помагаат на животните на природен начин да идентификуваат партнер со различен имунолошки систем. Со ова нивните потомци би имале подобри шанси да се одбранат од болести и патогени. Нивното влијание е толку моќно што може буквално да ве натераат да не ви се допаѓа некој. Сепак, станува збор за животински инстинкт.

2. Ве привлекуваат физички

Кога ви се допаѓа некој, позицијата на вашето тело е прилагодена со неговото. Постојано сте свртени кон таа личност и ѝ обрнувате внимание.

„Можно е дури да забележите дека се навалувате кон личноста бидејќи сакате да ја бакнете. Кога некој не ве привлекува физички, вашиот ум не ни помислува на тоа да се доближете.“

Едноставно, кога сакате да бидете со некого, вашето тело сака да биде во негова близина. А вашата физичка форма ќе направи сè што е потребно за да ја претвори таа потсвесна желба во реалност.

3. Чувствувате страст

Кога навистина ви се допаѓа некој, не можете да јадете или да спиете. Бидејќи постојано мислите на таа личност, ви се одвлекува вниманието од сè што правите. На почетокот страста која ја чувствувате може да ви го отежни функционирањето.

„Ако не размислувате за некого, веројатно не ви се допаѓа толку многу.“

Можеби звучи очигледно, но помислете колку пати сте помислиле дека ви се допаѓа некој само затоа што сте сметале дека мора да ве привлекува таква личност, за потоа целосно да заборавите на него или на неа.

Љубовта не е нешто што може да се избрза. Ако не ги чувствувате овие работи во вашето тело, тоа значи дека треба да ја фокусирате вашата љубов на оние нешта што ги сакате, како на пример, на пријателите, на домот, како и на вас. Без разлика дали ги чувствувате овие работи или не, тоа не значи дека љубовта не е постојано околу вас.

Дознајте и кои работи ги прават жените кога им се допаѓа некој.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар