Едноставен трик кој ќе ви помогне да откриете дали ја носите вистинската големина на градник

Едноставен трик кој ќе ви помогне да откриете дали ја носите вистинската големина на градник

Многу жени имаат проблеми при одбирањето на точната големина на градник и неговата потрага понекогаш може да изгледа како вистински кошмар. Но, за среќа, постои начин на кој можете да откриете дали носите погрешна големина на градник.

Едноставен трик кој ќе ви помогне да откриете дали ја носите вистинската големина на градник

Никол Кивиц, која работи за францускиот бренд за долна облека, Шантел, вели дека главна грешка која ја прават жените е купување градник со премногу голема големина на грбот. Според Никол, кога прв пат купувате градник, треба да внимавате тој да биде доволно тесен така што кога ќе го користите првото копче, да бидете во можност да ставите само два прсти помеѓу вашиот грб и градникот. Ако во тој простор може да собере повеќе од два прсти, тогаш тоа е знак дека е преголем.

„Бидејќи 80% од поддршката доаѓа од појасот на вашиот градник, тој треба да биде затегнат“, советува Никол.

Колку повеќе го носите вашиот градник, толку повеќе тој ќе се растега, така што ќе почнете да ги употребувате и другите копчиња. Кога ќе стигнете до третото копче и ќе можете да ставите повеќе од два прсти помеѓу градникот и вашиот грб, тогаш тоа е знак дека повторно треба да ја посетите продавницата за долна облека.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар