Едноставен мејкап трик што во секое време ќе ви помогне да изгледате свежо и одморено

За време на оние денови кога итно мора да излеземе или пак, кога температурите се околу 40-от степен, најдобриот мејкап е оној што ни одзема помалку од една минута и не вклучува многу продукти. Токму затоа и го пронајдовме овој трик за кои сме сигурни дека ќе ви помогне во критичните ситуации. Исто така тој е одличен и за девојките кои не сакаат многу да се шминкаат или пак, кој постојано бараат некоја слободна минута плус во денот.

Имено, сè што ви е потребно за да постигнете свеж и одморен изглед е кремастото руменило. Ова руменило може да биде во кутија или пак, во форма на стик, а понекогаш може да се користи дури и како руж за усни. Без разлика кој вид ќе го одберете, едноставно ставете малку на врвот на вашите прсти и потоа со тапкање нанесете го на лицето. Нежно изблендајте го со прстите и спремни сте за освојување на светот.

Со оглед на тоа што бојата е многу природна, и не се ни забележува кога ќе ја нанесете на лицето, вие ќе добиете свеж, одморен изглед за само неколку секунди. Одлична идеја, се согласувате? Ако имате уште неколку минути слободни, тогаш нанесете и црвен кармин. Верувајте ни за ова.

Погледнете ги и овие мејкап-трикови што треба да ги знае секоја девојка.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар