Единственото прашање што може да ви го промени животот засекогаш

Единственото прашање што може да ви го промени животот засекогаш

Кога би требало да го оцените квалитетот на вашиот од живот на скала од 1 до 10, која оценка би му ја дале? Истражувањата покажуваат дека само околу 5% од луѓето ширум светот знаат што сакаат. Овој мал процент луѓе ги поставиле нивните цели на краткорочен и долгорочен план, а смислата на нивното постоење ја пронашле во остварувањето на тие цели.

Единственото прашање што може да ви го промени животот засекогаш

Дали секое утро се будите полни со амбиција и возбуда, бидејќи е нов ден? Или тешко ви е да се разбудите додека алармот ѕвони, па решавате да започнете уште еден обичен ден, задоволни со тоа што го имате? Поголемиот дел од луѓето не се обидуваат да си го подобрат животот. Тие се немотивирани, а вината ја префрлаат на нивната судбина или на другите луѓе. Тие немаат животен елан, немаат внатрешен жар и на тој начин го отфрлаат сопствениот живот.

Но, дали вие ја имате моќта да си го промените животот? Вистина е тоа дека можете да имате сѐ што ќе посакате. Можете ли да одговорите на следново прашање: Што сакате, токму сега во овој момент? Повеќето луѓе не можат. Повеќето луѓе се како големи силни бродови, со моќни мотори, но без кормило. Не знаат што сакаат и каде одат.

Запрашајте се: Кога би можеле да имате што сакате, да бидете она што сакате и да одите каде што сакате, без оглед на вашите пари, возраст, образование и талент, што би било тоа? Тоа е најважното животно прашање. Можете да го смените вашиот живот. Вие ја имате таа моќ. Единствено нешто што ви треба е мотивација и определеност.

Мотивирајте се сега, веднаш, така што ќе земете лист хартија и пенкало. Заборавете на сите ваши проблеми за момент. Напишете што сакате. Дозволете вашата фантазија да ве одведе на волшебно патување каде што ограничувањата не постојат. Дозволете си да сонувате. И сонувајте на големо!

Потоа, повторно запрашајте се: Знаете ли што сакате од животот? Немојте да поминете ниту еден час, ден или недела без да размислувате за вашите цели. Грабнете го листот хартија и веднаш направете листа на вашите цели. Листата може да биде долга колку што сакате и надополнувајте ја секогаш кога ќе посакате да направите нешто ново.

На овој начин ќе бидете 100% сигурни дека знаете што сакате од вашиот живот. За да го добиете она што го сакате, мора прво да знаете што е тоа. Во моментот кога ќе дознаете што сакате, веднаш ќе станете мотивирани а вашиот живот ќе добие ново значење. Живејте го животот со некаква цел и коцките веднаш ќе ви се наместат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар