Единствените 2 нешта што треба да ги знаете ако сакате да пронајдете повеќе време во вашиот ден

Единствените 2 нешта што треба да ги знаете ако сакате да пронајдете повеќе време во вашиот ден

Дали сте зафатена личност на која приоритет ѝ се работата и семејството, но сакате да најдете повеќе слободно време за себе? Па, најпрво треба да знаете дека тоа е возможно. Сѐ што треба е да ги применувате овие два совети!

2 работи кои треба да ги знаете со цел да пронајдете повеќе време во вашиот ден

1. Бидете ефикасни во сѐ она што го правите

Секогаш треба да се прашате себеси: „Кој е најдобриот начин да го направам ова?“ Фокусирајте се на она што има најмногу смисла, а избегнувајте работење повеќе задачи одеднаш, затоа што на тој начин би ви се одвлекло вниманието и нема да направите ништо добро. Со цел да бидете поефикасни, исто така треба да се фокусирате и на едноставноста. На пример, кога подготвувате вечера, треба да изберете оброци кои се подготвуваат брзо и кои веќе ги имате претходно подготвувано, па знаете по кој ред се додаваат состојките, а и нема да ви треба рецепт или вага.

Ова важи за сите останати работи. На пример, ако имате 3 минути слободно време, исчистете ја бањата (да, таа може да биде исчистена за 3 минути). Потоа, ако треба да однесете некои работи надвор во дворот, обидете се да земете што е можно повеќе. Почнете да размислувате на ваков начин и да си ги поставувате прашањата: Кој е најефикасниот ред да ги преземете нештата за да бидат завршени? Што можете да направите најпрво, при што ќе си ги олесните и другите задачи?

2. Управувајте со вашето време, не дозволувајте тоа да управува со вас

Размислете за тоа како навистина ќе го искористите вашето време, а најдобро е да ги запишете дневните и неделните задачи. Како изгледа вашиот распоред? Како сакате да изгледа? Размислете за ова пред да додадете уште обврски на вашата листа. Ако сакате да вежбате, но сметате дека немате време, размислете околу тоа. Имате 3 опции: Пред, за време на или после работата.

  • Пред работата. Можете ли да станете порано? Како тоа ќе влијае на вашиот целокупен ден? Дали некој од вашите блиски може да се погрижи за децата? Дали сепак ќе спиете онолку колку што сакате?
  • За време на работата. Дали постои место каде што можете да вежбате? Дали можете да ја искористите паузата за да одите да вежбате? Дали имате теретана во близина? Дали тоа ќе влијае на вашето расположение?
  • После работата. Можете ли да го правите тоа откако ќе завршите со работа? Дали сте во можност да задоцните дома половина час? Дали можете да вежбате во домашни услови?

Поставете си ги овие прашања и користете ги одговорите за да одлучите во кој дел од денот ќе ја вклучите активноста. Потоа, испробајте и проверете дали тоа ви одговара, ако не, преиспитајте што би можело подобро да функционира. Всушност, тука станува збор за како да направите поефикасен распоред. Не правете ги работите во одредено време, само затоа што тоа сте го практикувале подолг период. Можеби мислите дека ви се допаѓа да вежбате во утринските часови, но пробајте да повежбате и за време на вечерите за да дознаете дали тогаш повеќе ќе ви одговара. Не можете буквално да додадете време во вашиот ден, но можете да одлучите како ќе го поминувате тоа време и да го искористите најдобро што можете.

2 работи кои треба да ги знаете со цел да пронајдете повеќе време во вашиот ден

Што ќе се случи кога ќе почнете да управувате со вашето време?

Тогаш ќе почнете посериозно да го сфаќате вашето време за одмор и нема да седите половина час гледајќи ги најновите објави на Фејсбук, само затоа што ви е досадно. Ако одредите тоа време да го поминете со вашите најблиски, тогаш ќе сакате да го искористите што е можно подобро. Одлучете кој период ќе се посветите на вашето семејство и обидете се да го искористите времето најдобро што можете, па и да го живеете животот што го сакате. Само вие можете да управувате со вашето време!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар