Единствениот знак дека сте подготвени за брак (не е тоа што мислите!)

Единствениот знак дека сте подготвени за брак (не е тоа што мислите!)

Ако сте во врска со вашиот партнер повеќе од 1 година, тогаш сигурно барем во еден момент сте помислиле на зборот што почнува на буквата „б“. Па, како да знаете дека сте подготвени? Ако ги прашате психотерапевтите, тие ќе ви кажат дека постои еден многу едноставен знак што може да ви открие дали сте подготвени. Станува збор за желбата да растете и да се развивате како индивидуи, но и како пар.

(1) Единствениот знак дека сте подготвени за брак (не е тоа што мислите!)

Со други зборови, вие активно барате различни начини на кои можете континуирано да бидете што подобри еден покрај друг. Ако се пронаоѓате во овој опис, тогаш слободно можете да продолжите да размислувате за брак. Но, да појасниме. Овој начин на размислување ве подготвува само за еден вид брак – брак што се темели на партнерство. Тоа значи дека вие сте спремни да создадете заедница како две слободни и еднакви индивидуи, базирана на посветеноста да се поддржувате во вашиот развој на сите нивоа.

Овој вид брак е малку поинаков од оној што се нарекува „романтичен брак“. Во романтичните бракови стапуваат оние индивидуи што бараат лична среќа. Тие се заљубуваат еден во друг затоа што имаат потреба за поврзаност, исполнетост и романса, а тоа лесно можат да го пронајдат во својот партнер – особено во првите фази од врската. И на површината сè изгледа совршено. Но, за жал повеќето од овие врски се раскинуваат откако партнерите ќе сфатат дека не е лесно постојано да се грижат за потребите на другиот.

(2) Единствениот знак дека сте подготвени за брак (не е тоа што мислите!)

Поголемиот дел од луѓето никогаш не учат како да ги идентификуваат своите потреби и да го побараат тоа што го сакаат, а уште помалку да научат како да ги откријат и задоволат потребите на својот партнер. Во романтичните бракови сите претпоставуваат дека неговиот или нејзиниот партнер „автоматски“ знае кои се нивните потреби. И кога тие нема да се задоволат, настануваат караници што со тек на време водат кон раскинување. Станува збор за прилично стандардна формула. Ова гледиште на бракот, накратко кажано, е најголемата причина за разводи ширум светот. Таа драстично се зголемила на 50% во 1970-тите и од тогаш останала релативно стабилна до денешен ден.

Во партнерскиот брак, од друга страна, луѓето не претпоставуваат дека нивниот партнер има способност за читање мисли. Тие постојано прашуваат за потребите на другиот и бараат повратен одговор на искрено љубопитен и сочувствителен начин. Па, каков вид брак сакате? Романтичен или партнерски?

(3) Единствениот знак дека сте подготвени за брак (не е тоа што мислите!)

Штом сè уште читате, тогаш можеме да претпоставиме дека сакате партнерски брак. Токму затоа и во продолжение ви ги издвојуваме универзалните потреби во партнерството што биле издвоени преку истражувања со науката за љубовните врски:

  • Да бидете ценети
  • Да чувствувате емоционална поврзаност
  • Да бидете сексуално исполнети
  • Да најдете поддршка за кариерата/животните соништа
  • Да воспоставите финансиска сигурност
  • Да бидете интелектуално стимулирани
  • Да создадете домашна удобност
  • Да најдете подлабоко значење на животот

Звучи одлично, се согласувате? Кој не би сакал да ги има овие нешта во партнерството?

(4) Единствениот знак дека сте подготвени за брак (не е тоа што мислите!)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар