Единствениот витамин што ви е потребен за секоја декада од вашиот живот

Единствениот витамин што ви е потребен за секоја декада од вашиот живот

Витамините се важни во секој период од животот, но, постојат некои кои на одредена возраст треба да се внесуваат почесто и во поголеми количини. Со оглед на тоа дека во различни години една личност се справува со различни ризици, во продолжение погледнете кој витамин би требало да го внесувате во зависност од тоа во која животна доба се наоѓате.

Витамини кои треба да ги внесувате во вашите 30-ти, 40-ти, 50-ти и 60-ти години од животот

30-ти години

Доколку се обидувате да забремените во вашите 30-ти години, многу е важно да го зголемите внесувањето фолна киселина која, освен што ја намалува веројатноста за појава на одредени недостатоци при раѓање, ја намалува и веројатноста за појава на срцев или мозочен удар. Доколку пак не сакате да забремените во тој период, тогаш потребно е да го зголемите количеството на цинк и магнезиум во вашата исхрана, затоа што одредени средства за контрацепција може да го осиромашат вашето тело од овие минерали.

40-ти години

Витаминот Д е важен за секого, но од особена важност е за личностите кои се наоѓаат во нивните 40-ти години, затоа што недостатокот од овој витамин честопати се поврзува со болести кои типично се појавуваат во оваа доба, како што е ракот, остеопорозата и срцевите заболувања.

50-ти години

Витаминот Б12, кој е од суштинско значење за крвта и мозокот, почнува послабо да биде апсорбиран од телото кога личноста се наоѓа во своите 50-ти години, па затоа, внимавајте што внесувате. Исто така можете да почнете со внесување мултивитамини наменети специјално за жени над 50 години, кои имаат помалку железо отколку мултивитамините наменети за помлади жени, како и дополнително количество Б12 за да се прилагодите на промените на вашето тело.

60-ти години

Во периодот после менопаузата од клучно значење е да внесувате доволно калиум со цел да го намалите ризикот од мозочен удар. Исто така жените во шеесеттите години треба да настојуваат да консумираат и омега 3, кои ќе им помогнат во намалување на симптомите на артритис.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар