Џенифер Лопез советува: 14 совети да останете вечно млади

Џенифер Лопез советува: 14 совети да останете вечно млади

Како што поминува времето, така ни изгледа и дека Џенифер Лопез се подмладува наместо да старее. Но, која е нејзината тајна? Погледнете ги следниве 14 трикови која таа секојдневно ги применува со цел да го задржи својот прекрасен младолик изглед…

Џенифер Лопез советува: 14 совети да останете вечно млади

1. Крема за лице 60 секунди по бањањето

Многу е важно да нанесете крема за лице по бањањето. Во рок од 60 секунди откако ќе излезете од под туш, тенок процент од водата останува на вашата кожа и потоа испарува и таа почнува да ја губи својата влажност.

2. Немојте да пиете пред епилација

Звучи чудно, но по низа тестови спроведени во текот на неколку години се покажало дека доволно е само една чаша вино или коктел пред посетата на салонот за убавина за целиот процес да биде поболен и помалку ефикасен.

3. Не ги стискајте забите

Со несвесното стискање на вилицата, вие ќе почнете да ја уништувате забната глеѓ, да создавате брчки на аглите од усните и да го нарушите обликот на вашето лице. Згора на сè, ако сте склони на крцкање со забите за време на спиењето, не чекајте и веднаш најдете силиконски протези со цел да ги заштитите вашите заби и да се одвикнете од оваа навика.

4. Намокрете ја косата пред пливање

Пред да скокнете во базен или да пливате во море, најпрво полијте ја косата со вода. Таа го исполнува просторот помеѓу скалпот и косата и нема да дозволи да продре ниту сол, ниту хлор.

5. Павлаката е подобра за изгореници отколку кремата наменета за оваа цел

Павлаката содржи доволно масти за да ја смири кожата, додека млечните компоненти ја ладат и освежуваат. Исто така не мора да се плашите дека ќе развиете алергиска реакција. Намачкајте ја павлаката на изгореното место, држете ја 20 до 30 минути и измијте ја со ладна вода.

6. Не купувајте памук за лице

Ако не сакате да ја нанесете пудрата со вашите прсти, користете густ сунѓер или четка. Што се однесува до тоникот за лице, најдобро е да го нанесете со рацете и потоа само да го измиете лицето. Памукот е бесцелно трошење пари.

7. Користете база

Неутралната база или прајмер, ќе го спречи прекумерното сушење на кожата која настанува поради одредени состојки во шминката. Доколку имате мрсна кожа, прајмерот ќе ви ги заштити порите и ќе ви го намали ризикот од акни.

8. Измијте го лицето со шампон за првут

Ова не се препорачува често, но ако одеднаш почувствувате иритација на кожата, а немате соодветни средства, искористете го шампонот против првут.

9. Бричење на суво

Сигурни сме дека вашиот брич стои на работ од кадата или некаде под тушот и секогаш го користите покрај млаз вода. Но, тоа е многу полоша опција за вашата кожа. Најдобро е доколку се бричите на сува кожа, а потоа нанесете крема. Иритацијата ќе биде помала и нема да ви се појават внатрешни влакненца.

10. Измијте ја косата со сода бикарбона

Доколку навечер имате важен настан за кој сте подготвиле софистициран стајлинг, користејќи различни гелови, пена и лак за коса, тогаш нивното отстранување ќе ви биде многу тешко. За да си го олесните миењето на косата, додајте 1 лажица сода бикарбона во вашиот шампон.

11. Измијте ги забите пред појадокот

Според истражувањата, оние кои ги миеле забите пред појадокот имале почисти и поздрави заби во однос на оние кои ја оставале оваа активност за подоцна.

12. Туширајте се со млака вода

Можеби на почетокот ќе ви биде малку ладно, но брзо ќе се навикнете, а вашата кожа ќе ви биде и повеќе од благодарна.

13. Имајте кокосово масло на дофат

Не постои подобар начин да ја негувате кожата на вашето тело, да создадете идеална маска за лице, ниту пак да се грижите за здравјето на вашата коса од кокосовото масло.

14. Ден без шминка

Одвојувајте неколку денови во текот на месецот каде што целосно ќе ја одморите вашата кожа од шминката. Исто така никогаш не спијте нашминкани доколку сакате кожата на вашето лице да биде поздрава.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар