Дозволено ви е да се изгубите бидејќи тоа ќе ви помогне да се пронајдете себеси

Во текот на целиот наш живот постојано ни велат да ги следиме мапите, да користиме компас и секогаш да гледаме напред пред себе. Постојано нѐ советуваат да ги проверуваме насоките и да се движиме по права линија.

Но, што ако ни е доста од тие прави линии? Што ако ни е доста од тоа да правиме прецизна скица на нашиот живот? Што ако не сакаме повеќе да гледаме надолу плашејќи се дека ќе паднеме? Што ако не сакаме повеќе да ги следиме правилата?

Дозволено ви е да се изгубите бидејќи тоа ќе ви помогне да се пронајдете себеси

Зошто да не се изгубиме за прв пат во нашиот живот? Слободно можеме да ги оставиме сите тие мапи, упатства и алатки. Можеме да ги тргнеме на страна сите наши 5-годишни планови и цели и да почувствуваме вистинска слобода.

Понекогаш треба да патуваме по нерамни патишта преку ридови, долини и огради кои ќе ни ги отворат очите и ќе ни овозможат нови искуства и доживувања. Треба да тргнеме по нови улички и криви патишта кои ќе нѐ одведат до нови кафулиња, нови луѓе и нови дестинации. Треба да тргнеме по неочекувани патеки.

Отфрлете ги идеите за она што би требало да го правите и правете што сакате. Преселете се во нов град, нова земја. Започнете сосема нова кариера. Ослободете се од негативните луѓе во вашиот живот. Признајте ѝ ја вашата љубов на личноста поради која срцето ви затреперува и ослободете се од сите стравови и стресови.

Време е да го правите она што навистина го сакате. Време е да се соочите со вашите стравови и да излезете од зоната на удобност. Најдете ја вашата дестинација, без разлика дали се наоѓа на нерамен автопат или на морско крајбрежје. Треба да откриете каде припаѓате, без разлика дали се работи за град полн со облакодери или село каде ќе можете да ја разбудите природата во себе.

Во ред е да се изгубите. И добро е да се изгубите. Само кога ќе се изгубите, ќе можете вистински да се пронајдете себеси. Кога ќе се изгубите, ќе сфатите каде припаѓате во овој голем свет. Губењето не го означува крајот на вашиот личен развој. Тоа е само почетокот на вашето возбудливо животно патешествие кое ќе ве одведе до вистинското откровение.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар