Дознајте што прават момците по раскинувањето

Дознајте што прават момците по раскинувањето

Дали сте се запрашале како им е на мажите по раскинувањето? Доколку сте мислеле дека се апсолутно ладнокрвни и без никакви емоции, се лажете. Дури и се верува дека момците повеќе патат од девојките по раскинувањето. Ако ве интересира како вашиот поранешен партнер го поминувал времето откако сте раскинале, продолжете да читате понатаму…

Дознајте што прават момците по раскинувањето

Се опијануваат и им се јавуваат на другарите

Тие имаат чувства за кои сакаат да зборуваат и им треба алкохол за да си го олеснат процесот. Така започнува нивното заздравување.

Прават нешто што нивната бивша не го одобрувала

Целта им е да докажат дека таа им била како товар што ги држел подалеку од сите работи што ги прават среќни. Ако нејзе не ѝ се допаѓало кога тој јадел чипс и гледал цртани филмови во 3 попладне, мажот ќе го направи токму тоа. Доколку му забранувала да пуши цигари во спалната, сега тој ќе пали цигари кога сака и каде сака. Таа не му е повеќе шефица!

Престануваат да ја менуваат постелнината

Кој ќе забележи дека не е сменета од којзнае кога?!

Мислат на другите бивши девојки

На мажите им треба нешто што ќе им го одвлече вниманието од сеќавањата на последната бивша, па почнуваат да мислат на претходните бивши. Почнуваат да се потсетуваат на тоа како изгледале голи и каков бил сексот со нив.

Гледаат порно филмови

Жените од порно филмовите не можат да ги навредат или да им дадат ветувања кои нема да ги исполнат.

Шпионираат на Фејсбук

Дали бившата девојка се забавува повеќе од нив? Дали излегува секој викенд? Кој е овој маж што се сликал со неа во дискотека? Зар не би требало и таа да тагува?

Се бакнуваат со различни жени

Нивните први обиди да продолжат со сексуалниот живот се многу чудни. Во зависност од ситуацијата (и од количината испиен алкохол) тие понекогаш почнуваат да зборуваат за нивната поранешна девојка, што погрешила и како никогаш нема да ја повторат истата грешка. Тоа го прават додека се обидуваат да им се додворуваат на други жени. Се впуштаат во минливи авантури и сексуални односи за да заборават на болното раскинување.

Дознајте што прават момците по раскинувањето

Почнуваат да вежбаат

Веќе со недели се чувствуваат лошо, па решаваат конечно да се доведат во ред. Почнуваат редовно да ја посетуваат салата за вежбање, бидејќи мислат дека ако направат стомачни мускули, нивната поранешна девојка ќе се покае поради тоа што ги оставила. Мажите не посакуваат да се смират со бившата, само сакаат таа да зажали поради нејзината одлука.

Одат на шопинг

Сакаат да изгледаат беспрекорно и понекогаш целосно го менуваат стилот.

Потајно се надеваат дека ќе ја видат бившата девојка

Постојано го бараат нејзиниот лик на јавни места и се надеваат дека таа ненадејно ќе се појави. Си ја замислуваат средбата и нејзината реакција. Можеби ќе се договорат да се видат на кафе? Можеби нема ни да се поздрават? Секакви мисли им минуваат низ глава!

Почнуваат да се помируваат со ситуацијата

Со текот на времето престануваат да мислат на бившата. Тоа најчесто се случува кога ќе им се разбудат емоции за некоја друга жена. Тие излегуваат и се чувствуваат убаво и слободно. Конечно ја согледуваат убавината на сингл животот.

На крајот, ѝ посакуваат сѐ најдобро на поранешната девојка

По некое време тие веќе не тагуваат по минатата врска и не се надеваат дека бившата девојка е очајна. Напротив, тие ѝ посакуваат сѐ најдобро, иако понекогаш се надеваат дека нејзиниот нов дечко е глупав и грд. Во секој случај, драго им е кога ќе чујат дека е среќна и задоволна од животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар