Дознајте која боја на кармин им помага на жените да се чувствуваат најмоќни (не е црвената!)

Најчесто, моќните бои се впечатливи и ви помагаат да мислите дека можете да го освоите светот. Но, нештата се сменија! Според едно истражување спроведено од страна SkinStore, кармините со неутрална боја најмногу влијаат на моќта на жените. Добро прочитавте! Нијансите кои едвај можете да ги забележите им помагаат на луѓето да се чувствуваат најдобро. Но, тоа не е единствената боја на листава што ќе ве изненади. Се чини дека претопувањето е новото издвојување од толпата.

Дознајте која боја на кармин им помага на жените да се чувствуваат најмоќни (не е црвената!)

Трендовите за убавина доаѓаат и си одат, па најверојатно истото се има случено и со моќните бои. Иако црвената боја најчесто се поврзува со женската моќ, 2.000 жени изјавиле дека неутралните кармини прават да се чувствуваат поубави и попривлечни. И покрај тоа што црвената, виолетовата и кафеавата се забавни и впечатливи бои, повеќето луѓе не ги претпочитаат тие нијанси.

Во првите 5 најмоќни нијанси спаѓаат неутралните, светло розовите, боја на малина, темно розовите и светло црвените. Иако има две нијанси на црвена боја во првите 5, светлите нијанси ги заземаат првите 2 места. Верувале или не, суптилните нијанси се официјално новите впечатливи бои кои ќе ви помогнат да се издвоите од толпата.

Дознајте која боја на кармин им помага на жените да се чувствуваат најмоќни (не е црвената!)

„Дознаваме дека жените се многу анксиозни кога станува збор за природниот изглед на нивната кожа и постојано се под притисок да изгледаат најдобро што можат“, откриле експертите.

Но, тоа не значи дека луѓето се чувствуваат попријатно во своја кожа. Истражувањето открило дека 50% од жените не би отишле на работа без шминка на лицето, а само 2% од нив изјавиле дека се чувствуваат прекрасно.

Розовата штотуку стана новата црвена и дефинитивно постои причина зошто поседувате толку многу кармини со неутрална боја.

Во продолжение прочитајте како да изберете идеална боја на кармин според бојата на вашата коса.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар