Домашни и здрави енергетски колачиња за оние кои се на диета

Домашни и здрави енергетски колачиња за оние кои се на диета

Овој десерт е многу едноставен за подготовка, а потребни ви се само три состојки за да добиете совршен вкус. Покрај тоа што е здрав, истовремено е и вкусен и може да го консумирате и во лето и во зима. Според оригиналниот рецепт, потребни ви се бадеми, урми и суво грозје. Првите две состојки се основа, додека сувото грозје можете да го замените со друго суво овошје по ваш избор, како сливи, смокви, кајсии…


(1) Неверојатно лесни за подготовка: Домашни и здрави енергетски плочки

Начин на подготовка:

Потребна ви е истата количина од сите три состојки. Количината ја одредувате сами според вашите потреби.

Сите три продукти ставете ги во блендер и оставете го апаратот да работи околу 30 секунди, односно додека тие не се измешаат убаво. Потоа, добиената смеса истурете ја на пластична фолија и обликувајте ја по желба (коцки, топчиња, правоаголници…). Добиените форми чувајте ги во фрижидер, а рокот на траење нека не ве загрижува, затоа што во ладилникот можат да останат и неколку недели. Ова е основниот рецепт, но доколку сакате да го збогатите вкусот на овој неверојатно здрав десерт, можете во смесата да додадете цимет, какао, парчиња темна чоколада или кокос.

Покрај тоа што го намалуваат нивото на холестерол во крвта, бадемите се одлични и доколку внимавате на линијата. Тие ја намалуваат потребата за храна, но помагаат и во оформувањето на мускулите. Урмите претставуваат идеална ужина, која ќе ви обезбеди доволно енергија за остатокот од денот. Поради широкиот спектар на различни хранливи состојки и поради можното позитивно влијание врз здравјето, урмите можат да се сметаат за супер храна. Грицкањето суво грозје го контролира чувството на глад и ја поттикнува ситоста. На тој начин се спречува прекумерното внесување на калории.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар