Доколку сакате да ве следи добра карма, направете го ова веднаш

Доколку сакате да ве следи добра карма, направете го ова веднаш

Простувањето е уште еден доказ за тоа колку човекот може да биде силен. За да почувствувате слобода и хармонија, пред сè мора да им простите на сите кои ви нанеле некаква болка, па дури и ако тоа сега ви се чини невозможно. Простете им, не затоа што тие го заслужуваат тоа, туку затоа што вие повеќе не треба да патите и да чувствувате болка секогаш кога ќе се сетите како одредени луѓе постапувале кон вас. Простувањето е неопходно за вашето душевно излекување. Запомнете, секогаш кога простувате, вие правите добро за себе, односно на тој начин си изразувате љубов.

(1) Простете им на сите кои ви нанеле болка и ослободете се од негативната енергија

За еден пример можеме да земеме жена, која минала низ развод. Замислете си дека десет години била во брак, а потоа дошла до судир со својот сопруг поради некоја негова непростлива постапка. Се развела поради тоа и сега искрено го мрази својот сопруг. И самото споменување на неговото име предизвикува грчеви во нејзиниот стомак и мачнина. Емоционалниот отров е толку силен, поради што таа повеќе не може да издржи. Жената ќе одлучи да побара стручна помош и ќе се обрати кај психотерапевт. Таму вели: „Ме боли. Сè во мене е обземено со бес, љубомора, огорченост. Тоа не може да се прости. Го мразам тој човек!“ . Тогаш терапевтот ќе ѝ рече: „Треба да ги исфрлите емоциите, да го отпуштите својот бес. Дајте ѝ оддишка на својата лутина. Земете перница и гризете ја, удирајте ја! Дозволете бесот да излезе надвор!“.

Потоа жената оди и сама создава настап на бес, создава свесна експлозија на емоции и ќе почувствува подобрување. Повторно доаѓа кај својот терапевт и му се заблагодарува. На нејзиното лице по долго време се појавува широка насмевка. Насмеана излегува од ординацијата и погодете кој минува покрај неа? Нејзиниот поранешен сопруг. Кога ќе го здогледа нејзиниот бес повторно извира, како никогаш претходно. Повторно се враќа кај терапевтот и спроведува уште едно „исфрлање на бесот“.

(2) Простете им на сите кои ви нанеле болка и ослободете се од негативната енергија

Експлозијата на емоции во одредени случаи може да доведе само до привремено олеснување. Да, таа помага човекот да се ослободи од дел од отровите кои го загадуваат неговото тело, но овој метод не ја лекува раната во целост. Единствениот начин е да се најде патот до простувањето. Жената целосно ќе се ослободи од бесот кога ќе му прости на својот поранешен сопруг, но тоа не е секогаш лесно и едноставно.

Како можете да знаете дали навистина сте простиле некому?

Кога средбата со личноста која некогаш ве повредила и ви нанела голема болка, повеќе не ги буди старите чувства. Името на тој или на таа повеќе не предизвикува бурни емотивни реакции. Со други зборови – допирот на порано нанесената рана, повеќе не предизвикува болка. Тогаш значи дека навистина сте простиле. Секако, лузната останува, исто како на кожата, така и на емоциите. Лошите случки остануваат во сеќавањата, но местото повеќе не ве боли.

Можеби сега си помислувате: „Лесно е да се каже! Јас би сакал/а, но не успевам“. Но, причината секако лежи во вас. Човек може да најде стотици причини и оправдувања да не прости. Вистината лежи во тоа дека, не можеме да простиме затоа што сме се навикнале на непростување. Поголемиот дел од луѓето ја совладале техниката на непростување, додека простувањето им е послаба страна. Сетете се на детството. Кога сте биле деца простувањето ви било во вашата крв. Пред да се заразите со општата душевна неволја, сте простувале без никаков напор, тоа едноставно се случувало само од себе. Погледнете ги децата кои си играат. Тие ќе се искараат, понекогаш и ќе се истепаат. Децата се жалат на своите мајки кои набрзо навлегуваат во расправија, а децата за тоа време повторно се враќаат на игралиштето и продолжуваат со играта како ништо да не се случило. А нивните мајки? Тие можеби ќе се мразат до крајот на животот.

(3) Простете им на сите кои ви нанеле болка и ослободете се од негативната енергија

Не е работата во тоа да се научи простувањето, затоа што ние ја имаме вродено таа способност. Но, што се случува? Со текот на времето, како созреваме, се одвикнуваме од простување. Суштината на проблемот е во гордоста. Таа само долева масло на огнот предизвикан од нанесената навреда. Многу луѓе кои се одлучуваат да ја држат лутината, всушност сакаат да го свртат вниманието кон себе.

Како да простите?

Најпрвин направете листа со имиња на сите оние, кои според вас, треба да ви простат, односно вие треба да побарате прошка од нив. Побарајте ги и видете се со тие луѓе. Потоа направете листа на луѓе кои ве повредиле, оние на кои вие треба да им простите. Соберете сила и отпуштете го бесот во вас. Простете им на сите, без оглед колкава неправда и болка ви нанеле. По простувањето ќе почувствувате големо олеснување. Настапува една хармонија во вас и се зајакнува сопствената љубов. Почнувате повеќе да си се почитувате и сакате, затоа што ќе имате време да се посветите на себе, времето повеќе нема да го трошите размислувајќи на другите. Си создавате своја нова карма, а лошата, која ве гушела со месеци и години сте ја ослободиле од вас. Од моментот кога ќе се ослободите од негативните емоции, кои долго време се собирале во вас, ќе имате чувство дека животот ви почнува одново.

(4) Простете им на сите кои ви нанеле болка и ослободете се од негативната енергија


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар