Доколку не ги прави овие работи во спалната соба, тој не е совршениот за вас

Доколку не ги прави овие работи во спалната соба, тој не е совршениот за вас

Секој е во потрага по личноста која ќе му одговара и со која ќе го помине животот. Сепак, тоа не е толку лесно да се направи, затоа што сродните души не се спакувани од нивното раѓање со етикета, па да можете да ги идентификувате. Треба да поминете повеќе време со таа личност за да сфатите дали вие сте родени еден за друг. Покрај другите фактори кои влијаат на вашата врска, постојат и неколку мали моменти кои може да зборуваат многу. Во продолжение погледнете што би требало да прави вашиот партнерот во спалната соба доколку е навистина тој со кој би сакале да го поминете остатокот од вашиот живот.

Доколку не ги прави овие работи, тогаш тој не е личноста со која треба да останете

1. Прави да се чувствувате убаво. Нему не му е грижа дали имате нанесено крема против акни. Ако тој е личноста со која треба да останете, ќе направи да се чувствувате убаво во какво било издание.

2. Ве смирува после кошмар. Ако го разбудите на средина од ноќта со вашето викање, тој не би требало да биде разочаран затоа што сте му го прекинеле спиењето, туку да ве земе во прегратка и да ве смири.

3. Се гушка со вас. Без разлика дали заспивате на неговата рака и му пречи вашата тежина. Тоа е една од цените што треба да се платат кога сакате некого.

4. Бара согласност секогаш пред да испроба нешто ново во сексот. А секако, вие не треба да правите работи кои не ви се допаѓаат.

5. Бара согласност пред да имате секс. Вие сте негова девојка, но тоа не значи дека има дозвола да ви прави што било, секогаш кога ќе посака. Сѐ уште му треба дозвола за да ве допира секоја ноќ.

Доколку не ги прави овие работи, тогаш тој не е личноста со која треба да останете

6. Се справува со вашето ‘рчење. Да, тоа може да биде малку досадно, но тоа не треба да претставува некоја огромна пречка. Ако е така, тогаш како мирно би го делеле креветот во преостанатиот дел од вашиот живот?

7. Ги става вашите потреби во прв план. Тој може да посакува да остане со вас цела ноќ, но доколку треба да отидете на работа рано наредното утро, треба да прави што помалку врева. На пример, ако гледа телевизија, треба да настојува екранот да не биде насочен директно кон вашето лице.

8. Ве буди кога ќе се успиете. Ако тој е личноста што станува рано, тогаш треба да знае кога треба да заминете на работа, па да ве разбуди доколку види дека доцните.

9. Прави да доживеете оргазам. Не е важен методот, сѐ додека го практикува ова на неделна, па и на дневна база.

10. Ви помага да заспиете. Можеби ви е потребно да лежите на неговите гради за да се чувствувате удобно, или пак да го слушате како пее. Како и да е, ако ви е потребна неговата помош, тој треба да ви ја даде.

Доколку не ги прави овие работи, тогаш тој не е личноста со која треба да останете

11. Споделува работи со вас. Неговите пижами треба да бидат и ваши. Вашето ќебе треба да биде и негово.

12. Останувате будни зборувајќи доцна во ноќта. Ова не треба да се случува секоја ноќ, но би можело да се случи понекогаш. Ако тој е личноста со која треба да го поминете животот, тогаш треба да имате многу работи за кои би зборувале, при што тешко би било да замолчите.

13. Ве допира. Не несоодветно, туку нежно. На пример, може да ви го масира грбот или да поминува со неговите прсти по вашите усни.

14. Ги почитува правилата. Ако мразите кога јаде во кревет, тој не би требало да остава трошки низ чаршафите. Ако не ја сакате мачката да се качува на креветот, не би требало да ја повикува.

15. Ги сфаќа знаците што ги давате. Ако повторувате дека имате ужасна главоболка, тој треба да сфати дека таа ноќ нема да имате секс. Доколку пак нежно му го бакнувате вратот, тоа треба да значи дека сексот е она што сакате да следува.

Доколку не ги прави овие работи, тогаш тој не е личноста со која треба да останете


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар