Доколку не ги чувствувате овие нешта во вашата врска… таа не е вистинска!

Во добрите врски има исто толку негативни чувства, колку што има и позитивни, само што тие не се оние на кои вие сте навикнати. Вие почнувате да ги доживувате овие негативни чувства на сосема нов начин. На пример, чувствувате тага, но таа доаѓа од длабоко копнење. Чувствувате страв, но тој доаѓа од вашата зависност од партнерот. Чувствувате дека не гледате, но истовремено и гледате совршено. За овие негативни чувства не се зборува често, затоа што ако се извадат од контекст звучат лошо, но во најдобрите врски тие се исто толку присутни како и добрите чувства. Па, како вашата вистинска љубов навистина прави да се чувствувате?

Доколку не ги чувствувате овие нешта во вашата врска... таа не е вистинска!

Би требало да прави да се чувствувате… нервозно

Без разлика дали станува збор за трема, пеперутки или непријатно чувство во вашиот стомак, доколку некое време не сте се слушнале со вашиот партнер, сосема е нормално да се почувствувате нервозно. Само затоа што ви е удобно во врската, не значи дека нема да почнете да паничите доколку нема ниту еден пропуштен повик од него/неа.

Би требало да прави да се чувствувате… тажно

Тажно за вашиот партнер, тажно за она што сте го кажале, тажно за тогаш кога сте биле сурови кон него/неа. Тагата и болката се клучен дел од секоја врска, исто како и спокојот и еуфоријата. Вие не можете да уживате во подемите доколку не ги доживувате и падовите. Солзите не се наменети само за крајот на врската, туку тие се и еден вид наводнување на семките кои ги садите заедно.

Би требало да прави да се чувствувате… неудобно

Целосното изложување на самите себеси може да биде неудобно, но токму тој непријатен момент многу брзо се заменува со олеснување, бидејќи сфаќате дека вашиот партнер ве видел и во најлошото, но сè уште не покажува никакви знаци дека сака да си оди. Потребно е одвреме-навреме да ви биде неудобно со цел повеќе да ги цените оние моменти кога не се чувствувате така.

Би требало да прави да се чувствувате… гневно

Искрените врски изобилуваат со искрени битки. Расправиите и караниците изобилуваат со гнев кој настанува како несакана последица од страста. Но, несогласувањата се далеку од празни. Тие се исполнети со цел и тежина. Партнерите кои имаат здрава врска не се караат за драма или внимание, туку за решение на проблемот.

Би требало да прави да се чувствувате… уморно

Уморно од тоа што сте биле будни цела ноќ. Уморно од поминување цел ден еден покрај друг, копајќи во вашите внатрешност. Уморни од давањето на сите оние нешта кои сте ѝ ги дале на оваа личност која е целиот ваш живот. Но, и покрај сè, тоа сепак вреди.

Би требало да прави да се чувствувате… несигурно

Со почитта и восхитот доаѓа мал невротизам. Вие не можете да сакате некого и истовремено да не се плашите од моќта која тој/таа ја има врз вас. Вие покрај оваа личност имате можност да бидете повредени, дури и во оној момент кога најмалку би очекувале, па токму затоа е сосема во ред понекогаш да се чувствувате и несигурно.

Би требало да прави да се чувствувате… грдо

Да се чувствувате непривлечно, но сепак да се покажете во вашето вистинско светло е прекрасно. Покажувањето на својот лик дури и во најлошите моменти, тргајќи ја целосно маската од својата глава, води до степен на удобност кој може да настане само со прифаќање на вистинската слика за нас.

Би требало да прави да се чувствувате… фрустрирано

Кога нема да ви пише со часови, вам почнува да ви недостасува и бидејќи не можете ништо да сторите околу тоа, почнувате да чувствувате еден вид фрустрација од вашите силни емоции кон него/неа. Оваа фрустрација не е насочена директно кон вашиот партнер, туку кон фактот што не можете токму во овој момент да бидете во негова/нејзина близина.

Би требало да прави да се чувствувате… наивно

Љубовните врски ни помагаат да учиме, да се развиваме и да ги разбираме сите оние нешта за кои никогаш не сме знаеле ништо. Во врските вие прв пат почнувате да сфаќате и дека можете да грешите. Целта е што повеќе да учите од вашиот партнер, но и заедно да го истражувате светот и да учите од искуството кое ќе ве доближи уште повеќе еден до друг.

Би требало да прави да се чувствувате… ранливо

Вие сте целосно изложени пред оган. Вие сте го дале срцето на вашиот партнер и се надевате дека тој/таа нема да го испушти од неговите раце. Вие сте му/ѝ дале многу повеќе отколку што сте мислеле дека можете, па токму затоа и понекогаш е сосема во ред да се чувствувате ранливо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар