Добри работи кои се случуваат кога ќе се заљубите во својот живот, а не во некоја личност

Кога ќе ги посветите вашите страсни чувства на животот, наместо постојано да барате партнер и да се чувствувате несреќно и неуспешно, бидејќи не пронаоѓате соодветен партнер, ќе се случат прекрасни работи. Ќе откриете колку сте задоволни и среќни поради себе и својот живот и дека за да почувствувате исполнетост не ви е потребен партнер. А задоволството е светлина која ги провлекува вистинските личности во вашиот исполнет и среќен живот, за уште повеќе да го збогатите.

1-dobri-raboti-koi-se-sluchuvaat-koga-kje-se-zaljubite-vo-svojot-zhivot-a-ne-vo-nekoja-lichnost-www.kafepauza.mk_

1. Ги откривате вашите таленти и склоности, но пронаоѓате и време за да им се посветите

Можеби никогаш нема да дознаете колку ве исполнува работата во некое здружение и посветувањето на целите кои се свртени кон другите луѓе, унапредувањето на некои животни аспекти, подигањето на еколошката свест, хуманитарната работа, рачната изработка или нешто други креативно, ако таа енергија сте ја вложиле во љубовната врска. Постојат периоди кога треба да се свртите кон пронаоѓањето на себе, наместо пронаоѓањето на партнер.

2. Станувате поврзани со вашите желби и потреби

Кога ќе се ставите себеси во центарот на вашиот живот и кога сте си најважната личност на светот, започнувате да се совпаѓате со вашите желби и потреби. Многу работи постојано ви го оттргнуваат вниманието, а кога сте заљубени сакате што е можно повеќе да бидете она што на вашиот партнер му се допаѓа, се прилагодувате и излегувате во пресрет на неговите желби и очекувања. Кога целата таа енергија и внимание ќе го насочите кон себе, си станувате пријатно друштво и ја подигнувате вашата самодоверба на повисоко ниво – на кое ќе остане и понатаму. И кога следниот пат ќе се постави прашањето за партнерство, ќе имате стандарди и ставови, кои претходно не сте ги имале, а секогаш ви биле потребни.

3. Ги цените односите кои ги имате, наместо да копнеете за оние кои ги немате

Во вашиот живот има многу љубовни односи – пријателства, роднински односи, колегијални односи, љубовта кон децата, животните, природата, и во нив има голема длабочина, посветеност, почит, грижа и внимание. Тоа не е романтична, партнерска љубов, но и тоа како се важи, исполнува и збогатува.

2-dobri-raboti-koi-se-sluchuvaat-koga-kje-se-zaljubite-vo-svojot-zhivot-a-ne-vo-nekoja-lichnost-www.kafepauza.mk_

4. Патувате, независни сте, истражувате – живеете себично

Кога не морате да се прилагодувате на никого, да го совпаѓате вашето време со туѓото, да го објаснувате вашето однесување и да се откажете од некои работи поради него, го откривате она што се нарекува здрава себичност. А кога еднаш ќе ја откриете, ќе умеете во идните партнерски односи да поставите граници и да воспоставите рамнотежа, така што нема да му се подредувате на партнерот.

5. Ќе поминувате повеќе време во акција наместо да посакувате работите да се случат

Фокусот од потрагата за партнерот, или вложувањето во партнерскиот однос, дава друга димензија на вашите основни ставови – ве исполнува со чувството дека вие навистина сте креатор на вашиот живот и дека работите се случуваат затоа што вие го правите она што е потребно за да се случат.

6. Ги цените советите од другите и почесто ги прифаќате

Здравиот разум и важноста за примена на перспективата го заземаат најважното место во вашиот живот. Кога некој ќе ви даде добар совет за љубовниот однос во кој имате проблеми, најверојатно нема ниту да го слушнете, ниту ќе го послушате, но и нема да го сфатите како што треба. Кога ви е здравиот разум на прво место, ќе го цените советот кој ви е даден од личноста чие мислење ви е важно и јасно ви е дека некој од страна има подобра перспектива во однос на вас и вашата ситуација и сте во состојба да послушате и да примените нечиј мудар совет.

7. Започнувате повеќе да се цените себеси, но и своите вредности

Кога ќе се заљубите во вашиот живот, наместо во некоја личност, ја откривате онаа љубов кон себе за која сите ви зборуваат – целата љубов која ја имате кон другите доаѓа од тој извор, а тој станува побистар, посвеж и посилен. Знаете кои сте, кои можете и кои сакате да бидете, знаете што сакате и што ви е потребно во односите со другите луѓе. На пат сте да пронајдете компатибилен партнер, затоа што сега знаете каква личност сакате покрај вас. Ако не го пронајдете, тоа нема да ја намали вашата љубов кон себе и вашиот живот.

3-dobri-raboti-koi-se-sluchuvaat-koga-kje-se-zaljubite-vo-svojot-zhivot-a-ne-vo-nekoja-lichnost-www.kafepauza.mk_

Подобрете си ја љубовта кон себе во наредните 5 минути!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар