До сите сингл девојки: Партнерот што го барате, пронајдете го во себе

До сите сингл девојки: Партнерот што го барате, пронајдете го во себе

Љубовните врски имаат многу значајни придобивки. Имате со кого да споделувате нежности, да се смеете и да водите љубов. Но, на крајот на краиштата врските служат за да ве направат среќни.

До сите сингл девојки: Партнерот што го барате, пронајдете го во себе

Нема сомнеж дека врската може да направи чуда за вашата самодоверба. Некој прекрасен дечко постојано ви вели колку ве сака и колку е среќен со вас. Зарем има нешто подобро од тоа? Некој друг, покрај вашата мајка, мисли дека сте најубавото суштество на планетата Земја и ако не сте внимателни, лесно можете да станете зависни од тоа, што не е добро во случај повторно да се вратите на статусот сингл.

Добрите вести се што не ви треба момче за да се чувствувате добро и за да се сакате себеси. Не ви треба некој да ви кажува колку сте прекрасни за да се чувствувате прекрасно. Можете самите да си ги пружите сите нешта што ги барате од љубовните врски. И можете да го направите тоа уште веднаш!

Наместо да фантазирате како се будите покрај некое прекрасно момче и одите на палачинки, разбудете се, посветете си повеќе време на себе и подгответе си вкусен појадок. Наместо постојано да излегувате на љубовни состаноци, обрнете внимание на себе и почестете се со масажа или нова облека. Наместо да заминете дома со некој пијан дечко, отидете си дома сами и задржете го достоинството. Можностите што ги нуди љубовта кон самите себе се навистина бесконечни.

Поголемиот дел од вашиот живот, веројатно сте вложиле многу труд за да им угодите на другите луѓе, со надеж дека еден ден тие ќе ви ја возвратат услугата. Но, да бидеме искрени: Најчесто трудот што сте го вложиле е залуден. Замислете си целата таа енергија да ја вложите во самите себе! Што ако престанете да се жалите за работите што ги немате и уживате во моментот?

Вашата самодоверба е способна самата да вивне до облаците како моќна ракета. Можете самите да си го подобрите расположението многу повеќе од кој било дечко. Секако дека сите сакаме да бидеме во врска, но тоа не значи дека времето додека сме сингл треба да го поминуваме во тага. Искористете го овој период на целосна независност и посветете се на љубовта кон самите себе. Кога ќе најдете партнер, постои голема веројатност дека врската ќе ви биде многу подобра затоа што нема да очекувате од него да ве направи среќни.

Однесувајте се кон себе онака како што сакате другите луѓе да се однесуваат и почнете да ја чувствувате љубовта што ја имате, но упорно не си ја давате. Вие заслужувате среќа, а единствената личност што може да ве направи среќни сте вие самите.

Доколку моментално не сте во врска, погледнете ги овие 15 нешта во кои ќе се пронајде секоја сингл девојка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар