„До личноста која емоционално ме уништи!“

„До личноста која емоционално ме уништи!“

Физичкото малтретирање е реално и е многу почесто отколку што луѓето мислат. Доколку сте во емоционално или физички насилна врска, треба да знаете дека заслужувате љубов и поддршка. Никој не заслужува да биде малтретиран. Треба да знаете и дека без разлика кој ве малтретира, или колку и таа личност да зазема голем дел од вашиот живот, закрепнувањето е возможно. Во продолжение прочитајте го следниов текст, и знајте дека тоа не е ваша вина и дека не сте сами!

До личноста која емоционално ме уништи!

Некогаш, бев девојка која веруваше во добрината на луѓето, дури и кога таа не постоеше. Верував дека доколку си добар кон некој, тој ќе возврати со љубов, но ти, малку по малку, ме уништи. И покрај мојата љубов, на крајот ти се извлече со убиство.

Знам дека беше лудо што толку брзо почнав да ти верувам и да те сакам. Сите ја видоа темнината во тебе, освен јас. Сите предупредувачки знаци беа таму, но сè што гледав јас беше личност со проблеми на која ѝ е потребна љубов и прифаќање. Но, како минуваше времето, ти ми го скрши духот.

Целиот мој фокус го ставив на тебе, дури и ги избегнував луѓето кои ме предупредуваа дека си опасен. Им реков дека си добар и дека само си имал лошо минато. Во првите недели, поверував дека си ми сродна душа, но подоцна почна да се повлекуваш. Кога бев со тебе, ти беше ладен и безобразен. Ја обвинуваше депресијата, но ти самиот беше темен, гневен и немотивиран.

Кршеше ветување по ветување, и иако се трудеше да ставиш маска за да покриеш сè, црната дупка во тебе почна да се појавува.

И додека ме игнорираше, додека велеше дека сум луда, кажувајќи лага по лага, ти почна и физички да ме повредуваш. Конечно реков: доста е! Ти кажав дека е готово. Сакав да се отселиш од мојот дом и да одиш некаде, бидејќи не можев да издржам повеќе. Но, на ова ти ми возврати со манипулации, направи да чувствувам жал за тебе. Ти дадов време да најдеш друго место за живеење, додека јас почнав да ги пакувам своите работи со цел да започнам нов живот, без тебе и без твојата темнина.

Но, пред да добијам можност, ти ме нападна и проба да ми го одземеш животот. Ова беше толку нереално за мене. Се почувствував како во хорор филм во кој ти си монструмот.

Чудо е што преживеав. Додека сè уште бев во болница, не можев да поверувам како некој може да направи нешто вакво. По нападот, ти исчезна. Лудо е, бидејќи мислев дека траумата и болката во срцето која ми ја нанесе ќе бидат доволни, претпоставив дека полицијата ќе те уапси и дека правдата ќе биде донесена по секоја цена.

Но, манипулациите на еден нарцисоиден психопат не завршија овде. Се обиде да ме наместиш дека јас сум те нападнала тебе, и им кажа на сите дека јас сум луда и опасна. Но, светот знаеше поинаку. Додека лежев во постела, обидувајќи се да заздравам, ти велеше дека самата сум си го сторила тоа. Се обиде да ми го одземеш животот, оставајќи ме трауматизирана, без способност повторно да верувам на некого. Сакаше да направиш дека јас сум лошата во оваа приказна.

Иако полицијата знаеше дека ти си напаѓачот, сепак дојдоа да ме испрашуваат. Дали можете да замислите некој да ви ја направи најужасната работа, и потоа вас да ве прашуваат дали вие сте монструмот?

Кога на крајот мораше да платиш за сè што направи, направив спогодба со тебе, само за да не морам да те погледнам повторно во очи и да ја видам темнината која порано очајно се обидував да верувам дека не е таму.

Со години живеев во незадоволство и лоши сеќавања, оттргнувајќи ги луѓето од мене, обидувајќи се да избегам од темниот облак кој го остави над мојот живот. Од вечен оптимист, кој веруваше дека постои светлина дури и во најтемните луѓе, преминав во личност која се плаши да погледне во некој кој не го познава.

Ми покажа дека секој е способен за сè, и без разлика што една личност вели или прави еден ден, наредниот може да ти го одземе животот.

Деновите откако се случи тој настан, знаев дека нешто се смени во мене и дека никогаш повеќе нема да бидам истата. Како што минуваше времето, симптомите на мојот посттрауматски стрес пораснаа и почнаа да се покажуваат. Некое време се обидував да го завршам тоа што ти го започна, и дојдов до точка на самоуништување. Сакав да почувствувам што било освен таа темнина и тие трауматизирани сеќавања што ми ги остави во мојот ум.

Луѓето ми велеа: „Браво! Чудо е што си преживеала!“ Но, јас не гледав чудо. Зарем не гледаа дека не сум повеќе јас? Зарем не ја гледаа сенката која беше единственото нешто што остана од мене?

Со години верував дека сум засекогаш изгубена. Се обидов да го завршам она што ти го започна, бидејќи не знаев како да продолжам без делот од мене кој ти го уништи.

Но, и покрај сите лоши работи кои ми ги нанесе, и покрај тоа што никогаш повеќе нема да го гледам светот преку розови очила, со текот на годините, бегајќи од траумата која ми ја нанесе, конечно почнав да се склопувам парче по парче.

Сеќавањата конечно почнаа да бледнеат, и искрено, мислам дека намерно го уништив твоето лице во мојата меморија, бидејќи штетата која ми ја нанесе, штетата која никогаш нема да исчезне, нема никаква врска со тебе како личност. За мене, ти си мртов. Но, мојата неспособност да верувам, константниот страв и анксиозноста од луѓето – тоа никогаш нема да исчезне.

Паранојата што ја имам дека некој ќе помине низ мојот ѕид, ќе ја стекне мојата доверба, а потоа ќе го уништи остатокот од мене – никогаш нема да замине.

Секогаш ќе имам страв дека ако пуштам некого во мојот живот, ќе се инфилтрира во мојот дух и ќе ми го одземе она што останало од мене. Но, овие работи се толку мали во споредба со фактот дека јас сега сум борец. Во целата темнина, болка и терор, јас преживеав и започнав да ја потполнувам дупката која ми ја остави. Пронајдов нова, посилна верзија од мене.

И иако беше многу тешко, ти ми покажа дека јас сум борец и дека никој не може да ми го одземе тоа. Ти можеби емоционално уби голем дел од мене, но никогаш нема да бидеш способен да ја убиеш силата на мојот дух!

Дознајте и кој е скриенот знак што ги издава луѓето кои се жртви на физичко насилство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар