Дигитална злоупотреба: 8 знаци дека вашиот партнер ве контролира на Интернет

Дигитална злоупотреба: 8 знаци дека вашиот партнер ве контролира на Интернет

Новите форми на интеракција меѓу луѓето создаваат различни начини на контрола и вршење притисок од страна на вашиот партнер, а дигиталната злоупотреба е една од нив. Дознајте како да откриете дали вашиот партнер има нездрава потреба да го контролира вашето однесување на Интернет.

Дигитална злоупотреба: 8 знаци дека вашиот партнер ве контролира на Интернет

1. Одеднаш бара да му го покажете телефонот

Телефонот стана многу личен дел од нашите животи и не мора да му го покажувате никому, ако не сакате. Кога вашиот партнер без причина ќе побара да ги прочита вашите разговори или пак, редовно го следи вашиот паметен телефон – тоа е токсичен начин на контрола на којшто треба да внимавате. Полошо од тоа е само условот да му ги дадете сите лозинки од социјалните мрежи. Ако не сте му дале добра причина да не ви верува, несигурноста на партнерот е само негов проблем.

2. Го контролира списокот на вашите пријатели на социјалните мрежи

Понекогаш, злоупотребата се манифестира во обидите да го контролира списокот со контакти на социјалните мрежи, односно вашиот партнер бара да отстраните некого од пријатели само затоа што не му се допаѓа изгледот или полот. Имајте на ум дека вашиот партнер не треба да го одредува вашиот социјален круг, ниту на Интернет, ниту во животот.

3. Тој се обидува да ве манипулира преку своите објави

Тоа е популарен модерен начин на манипулирање и може да се манифестира на различни начини. На пример, кога партнерот ќе ја сокрие својата страница од вас за време на расправија, ќе ве блокира или ќе го промени својот статус, целта на ваквото инфантилно однесување е почесто отколку јавното поттикнување вина, вознемиреност и несигурност кај партнерот. Друг вид манипулација е објавувањето негативни објави за вас или за вашите врски на социјалните мрежи, без разлика дали станува збир за обичен текст или за некои нејасни изјави. Лесно можете да забележите ако вашиот партнер се однесува чудно на социјалните мрежи само за да ви го привлече вниманието и да ги разбуди емоциите. Тоа е исто така метод на психолошки притисок на кој треба да му дадете отпор.

4. Се вознемирува кога ќе слушне известување за порака на вашиот телефон

Ако партнерот следи колку многу комуницирате со луѓето и станува мрачен откако ќе слушне известување на вашиот телефон, тоа е црвено знаме. Меѓутоа, можеби има причина да се лути, а вие не забележувате дека дури и кога сте со него, никогаш не го испуштате телефонот од раце. Ако ја забележите неговата загриженост, можете да направите компромис и да не ги употребувате телефоните за време на вашите средби.

5. Се лути ако не одговорите доволно брзо

Несреќните луѓе најчесто почнуваат да се однесуваат агресивно ако не го добијат тоа што го сакаат. Негодувањето поради тоа што не сте го подигнале телефонот доволно брзо или не сте одговориле на пораката е уште еден знак за дигитална манипулација. Во вакви случаи, вашиот партнер може да ве „казни“, така што ќе ги игнорира вашите повици или пораки.

6. Ве проверува

Постојано прашува каде сте и со кого сте и бара да го потврдите тоа со фотографии, а ова е уште една карактеристика на злоставувачот и јасен знак дека тој не ви верува. Покрај тоа, таквиот човек може да ви прави разни проверки – да ви пишува од туѓи профили и да ви предложува средби. Ако забележите вакво однесување кај партнерот, треба да бидете внимателни затоа што можеби ќе треба постојано да го известувате партнерот и да се правдате во врската.

7. Бара „разголени“ фотографии

Ова е нормален дел од современите врски. Сепак, како и секоја друга сексуална практика, за тоа е потреба заемна согласност. Ако поради некоја причина ви е непријатно да споделите „разголени“ фотографии или такви пораки со партнерот, не правете го тоа, без разлика колку тој инсистира на тоа. Ако испратите нешто преку Интернет, никогаш не можете целосно да се чувствувате безбедно. Во случај да ви биде непријатно со неговите ненадејни секси фотографии, треба да го пријавите тоа. Тоа не значи дека партнерот не ве привлекува, туку значи дека треба да се заштитите.

8. Тој ве шпионира

Еден од најопасните видови дигитална манипулација е кога вашиот партнер тајно ве набљудува. На пример, тајно го проверува вашиот телефон, ви го хакира профилот или инсталира програма за набудување на вашиот паметен телефон. Ако се сомневате дека партнерот се однесува на ваков начин, веднаш разговарајте и размислете дали е добро да бидете во таква врска.

Можеби сакате да откриете и која е најчестата причина за несогласувања помеѓу партнерите?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар