Девојки, внимавајте на овие грешки при флертувањето

Девојки, внимавајте на овие грешки при флертувањето

Веројатно досега не сте размислувале за начинот на кој флертувате. Вистина е дека најдобро е кога ќе ви дојде тоа спонтано и природно, но сепак постојат некои техники кои можат да ви помогнат да станете поуспешни заводнички. Доколку во последно време сте забележале дека момците ви приоѓаат, меѓутоа ретко кога разговорот завршува со размена на телефонските броеви, веројатно правите нешто погрешно. Обрнете внимание на следниве најчести грешки при флертувањето што сигурно сте ги направиле барем еднаш…

Девојки, внимавајте на овие грешки при флертувањето

Правите да се чувствува како да е дете

Тој штотуку ви кажал дека работи во организација која се бори за правата на животните и вие на тоа одговарате со „Леле, преслатко“. „Слатко“ е прифатлив комплимент кога имате 7 години. Заменете го тоа со „Браво, звучи интересно“ и тој веднаш ќе се почувствува успешно и привлечно.

Ја доведувате до прашање неговата мажественост

Да речеме дека надвор врне и тој е загрижен дека ќе ги намокри чевлите, а вие му велите: „Ајде, биди маж“. Вие можеби не мислите ништо лошо и сакате само да се пошегувате, но тој тоа нема да го сфати како шега. Далеку од тоа дека треба да го штитите неговото скапоцено его 24/7, но подобро ќе биде и за вас доколку тој се чувствува мажествено кога сте заедно.

Сакате во сѐ да го надминете

Тој ви кажува дека бил во Кина, вие го прекинувате и веднаш спомнувате дека и вие сте патувале таму, плус во уште 5 други земји минатата година. Најинтересните луѓе постепено откриваат информации за себе. Поентата на флертувањето не е само вие да оставите добар впечаток, туку и тој да се чувствува добро за себе.

Ги одбивате неговите комплименти

Тој најискрено ви кажал „Изгледаш прекрасно вечерва“, а вие на тоа одговарате „Катастрофа сум, на ништо не личам“. Тоа нема да го охрабри да продолжи со делење комплименти, напротив. Дури и навистина да не се согласувате со него, едно обично „Благодарам“ ќе ве одведе далеку.

Не знаете како да возвратите на флертот

Здогледувате момче кое ви се допаѓа и не преземате ништо од страв. Кажете едно обично „Здраво“, нема ништо да ви се случи, а ќе оставите впечаток на храбра и самоуверена девојка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар